1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ЕкономијаГлобално

ЕУ, Г7 и Австралија ја ограничија цената на руската нафта

ЖА /АРД
3 декември 2022

Русија продолжува да остварува милијарди профит од извоз на нафта. Со ограничување на цената од 60 долари по барел, ЕУ, Г7 и Австралија сакаат да ја натераат Москва да продава нафта под пазарна цена.

Производство на нафта во Русија
Производство на нафта во РусијаФотографија: Yegor Aleyev/TASS/dpa/picture alliance

По договорот постигнат во ЕУ, земјите од Г7 и Австралија исто така воведуваат лимит од 60 долари по барел за руската нафта која се транспортира по морски пат. Тоа значи дека покрај 27 членки на ЕУ, ограничување воведуваат уште пет држави: САД, Канада, Велика Британија, Јапонија и Австралија.

Се очекува ограничувањето на цената да стапи во сила од понеделник „или многу брзо потоа“, се наведува во заедничкото соопштение. Плафонирањето на цената има за цел намалување на руските приходи од нафта и истовремено спречување раст на глобалните цени на нафта откако на 5 декември ќе стапи во сила ембаргото на ЕУ на руска нафта.

Ограничување на цената како дополнување на ембаргото на нафта

Претходно, по долги преговори,  ЕУ реши цената на руската нафта, која се продава на трети земји, да ја ограничи на 60 долари по барел. ЕУ со тоа сака да ја натера Русија да ја продава нафтата во иднина под пазарна цена. Цената од околу 57 евра за 159 литри така би била до 9 евра под последната пазарна цена за руската сурова нафта од типот Урал.

За да може да се реагира на развојот на пазарот, плановите предвидуваат преиспитување на горната граница на секои два месеци – секогаш таа би требало да биде најмалку пет проценти под просечната цена која ја утврдува Меѓународната агенција за енергија (ИАЕ).

Снабдување со нафта и гас: Кои земји би можеле да ја заменат Русија?

02:18

This browser does not support the video element.

Ограничувањето на цената има за цел да го надополни  нафтеното ембарго против Русија,  што ЕУ го договори во јуни. Со него меѓу другото се предвидува забрана за купување, увоз или натамошен транспорт на сурова нафта и одредени нафтени деривати од Русија во ЕУ. Ограничувањата важат од 5 декември за сурова нафта, а од 5 февруари 2023 година за останатите нафтени деривати. Меѓутоа, постојат исклучоци, на пример за Унгарија.

Заради спроведување на оваа одлука, би требало да се регулира сите идни важни услуги за извоз на руска нафта да можат да бидат вршени неказниво само ако цената на извезената нафта не ја преминува горната граница. Западните бродски компании би можеле да продолжат со свои бродови да транспортираат руска нафта во трети земји, како што е Индија. Уредбата исто така би се применувала и на други важни услуги како осигурувања, техничка помош, финансиски услуги и посредување.

Полска, Украина и Балтичките држави бараа двојно пониска цена

Претседателката на  Европската комисија  Урсула фон дер Лајен изјави дека ограничувањето на цената значително ќе ги намали приходите на Русија. Освен тоа, ќе помогне за стабилизирање на глобалната цена на енергијата,  од што ќе имаат корист земјите во развој во цел свет.

Преговорите околу конкретната горна граница се покажаа како потешки отколку што се очекуваше. Полска во почетокот, со поддршка од Балтичките држави, бараше да се одреди горна граница под 30 долари по барел и така да се остане на проценетите трошоци за производство од 20 до 40 долари по барел, што го поддржувала и Украина.

Меѓутоа, земји како Грција и Малта биле посебно против толку ниска граница, стравувајќи дека ако цената е прениска, бродарските компании со седишта во нив, би можеле да банкротираат зашто Русија би можела да одбие да ја продава својата сурова нафта по многу ниска цена. Во Брисел исто така е договорено скоро усвојување деветти пакет нови санкции против Русија. Според функционери од еУ, за тоа ќе има нови разговори.

Москва: ЕУ ја загрозува својата енергетска безбедност

Според зборовите на рускиот политичар и пратеник во Думата, Леонид Слуцки, ЕУ со оваа одлука  ја загрозува својата енергетска безбедност.  Освен тоа, ЕУ ги крши и пазарните закони, тврди Слуцки според државната агенција ТАСС.

„Тие не воведоа горна граница, туку повторно го допреа дното, само за да ги задоволат амбициите на прекуокеанските партнери“, изјави Слуцки, мислејќи на САД. „Но, Европејците од таму не можат да очекуваат никаква помош“, смета Слуцки кој е на чело на Комитетот за надворешна политика во руската Дума.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми