1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

По големото „затемнување“, Куба полека добива струја

ЕМФ | агенции
19 октомври 2024

Електричната мрежа на Куба е повторно снабдена со струја, тврдат кубанските власти откако земјата доживеа целосен колапс во снабдувањето со електрична енергија.

Куба остана без струја
Фотографија: Norlys Perez/REUTERS

Електрична енергија вчевечер повторно имаа делови од Хавана и некои од најголемите болници во главниот град, но големото мнозинство од жителите на Куба сѐ уште беше во темница.

До колапс во снабдувањето со струја дојде по дефект на најважната термоцентрала во земјата. Куба добива струја од осум стари термоцентрали, кои понекогаш се во дефект, како и седум пловечки електрани.

Кубанските власти поради проблеми со снабдувањето со струја уште пред тоталниот колапс наредија запирање на работата во јавниот сектор, на индустриските постројки кои не се неопходни, како и училиштата. Затворени беа и културните институции, како и ноќните клубови. Сепак, околу пладне во петокот (18.10) дојде до целосен колапс на најголемата и најефикасна термоцентрала во земјата. Засега не се соопштуваат причините за колапсот.

Ред пред бензинска станица во Хавана: недостигот на гориво во земјата се наведува како една од причините за проблемите со снабдувањето со струјаФотографија: ADALBERTO ROQUE/AFP

Лошата инфраструктура е една од трите причини што кубанскиот премиер Мануел Мареро во телевизискиот говор во четвртокот ги наведе за „комплексниот“ проблем со небезбедните енергетски резерви. Според Меѓународната агенција за енергија, 80 отсто од снабдувањето со електрична енергија на Куба се базира на нафта. Мареро тврди дека клучен фактор е недостатокот на гориво. Според официјалните информации, двете најголеми електрани во земјата  имаат итна потреба од поправки и произведуваат помалку електрична енергија од планираното. Владата за тешкотиите во набавката на резервни делови и гориво го обвинува американското ембарго, кое е во сила со децении.

Куба во моментов ја доживува најтешката криза во последните три децении. Нема доволно прехранбени намирници, гориво, вода и лекови, а има и постојано проблеми со снабдувањето со струја.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми