1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиИндија

По индискиот напад: Премиерот на Пакистан најавува одговор

СН/агенции
8 мај 2025

Конфликтот меѓу Индија и Пакистан продолжува да ескалира: По индиските напади во кои загинаа десетици луѓе, премиерот на Пакистан најави решителна реакција. Индија веќе пријави 14 загинати во пакистанските гранатирања.

Пакистанската армија соопшти дека бројот на жртви во нападите на Индија се искачи на 31
Пакистанската армија соопшти дека бројот на жртви во нападите на Индија се искачи на 31Фотографија: Sajjad Qayyum/AFP/Getty Images

По нападот на индиската армија врз неколку цели во Пакистан, ситуацијата на потконтинентот продолжува опасно да се заострува. Пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф по состанокот на кабинетот за безбедност во Исламабад, повторно изјави дека ќе следи реакција на индиската воена акција. Според соопштението, Шариф изјавил дека Пакистан го задржува правото да одговори во самоодбрана во време, место и на начин по свој избор. „Пакистанските вооружени сили се прописно овластени да преземат соодветни мерки“, додаде тој, без да даде детали. Меѓународната заедница е сè повеќе загрижена поради натамошната ескалација на конфликтот, а новиот германски канцелар, Фридрих Мерц, ги повика страните во конфликтот да „останат смирени“.

Според наводите на пакистанската војска, во последните ракетни напади загинале 31 лице, а 57 се повредени. Причината за зголемувањето на бројот на жртви е „кршење на прекинот на огнот“ од страна на индиската армија по должина на граничната линија, се вели во соопштението. Утринава, пакистанската новинска агенција Гео ТВ објави дека во раните утрински часови во источниот пакистански град Лахор се случила експлозија. Детални информации засега не се познати. 

Пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф претседава со безбедносниот кабинет Фотографија: Pakistan's Prime Minister Office/AP Photo/picture alliance

Жртви и во Индија

Инаку индиската власти утринава соопшти дека 13 цивили загинале од пакистански оган во „прекршувања на примирјето“ долж нивната де факто граница од средата наваму. 

Индиското Министерство за надворешни работи соопшти дека сите загинати биле од градот Пунч, а уште 59 биле повредени, од кои повеќето исто така во градот.

Индиската армија исто така соопшти дека војник загинал во Пунч во средата „за време на гранатирање од страна на пакистанската армија“, со што вкупниот потврден број на загинати на индиска страна се искачи на 14.

Ескалација по терористичкиот напад во Кашмир

Индија, според сопствените тврдења, во средата вечер нападнала повеќе цели во Пакистан и во делот од Кашмир контролиран од Пакистан. Нападите биле насочени кон „терористичка инфраструктура“, соопштија индиски официјални лица. Портпаролката на војската во Њу Делхи изјави дека се уништени девет „терористички кампови“. Пакистан не го потврди ова. Пакистанската влада соопшти дека во нападите биле погодени џамии, приватни домови и административни згради.

Разурната куќа во индискиот дел на Кашмир по пакистанско гранатирање на областаФотографија: Basit Zargar/ZUMA Press/picture alliance

Индија тврди дека воените акции се реакција на терористичкиот напад од 22 април во индискиот дел на Кашмир, во кој загинаа 26 лица. Индиската влада го обвинува Пакистан за вмешаност во нападот.

Државниот секретар во Министерството за надворешни работи, Викрам Мисри, изјави: „Нашите разузнавачки служби, кои ги следат терористичките единици во Пакистан, посочија дека се закануваат натамошни напади врз Индија“. Тоа мораше да се спречи.

Пакистанската влада негира каква било одговорност за нападот во Кашмир.


 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми