1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КатастрофиСоединети Американски Држави

Страв од ново екстремно невреме во Мисисипи

СН/агенции
27 март 2023

Американските метеоролози предупредија дека се можно нови екстремни временски услови во сојузните држави Мисисипи и Албама, кои во петокот беа погодени од разурнувачко и смртоносно торнадо.

Стравични глетки по пустошењето на торнадото во Мисисипи
Стравични глетки по пустошењето на торнадото во МисисипиФотографија: Lokman Vural Elibol/AA/picture alliance

По големото опустоштување предизвикано од торнадо со најмалку 25 загинати, во американската сојузна држава Мисисипи се очекуваат нови екстремни временски услови. Американската национална метеоролошка служба (НВС) во неделата ги предупреди жителите на Мисисипи и соседната сојузна држава Алабама за можно ново „екстремно невреме“ кое би можело да донесе „силни торнада и многу голем град“. Во меѓувреме, по петочното торнадо спасувачките напори во настраданите области продолжуваат.

НВС го класифицираше торнадото, кое опустоши област во должина од повеќе од 160 километри, на четврто од петте можни нивоа на американската таканаречена подобрена скала Фуџита, со брзина на ветер до 320 километри на час.

Куќа во Мисисипи која целосно остана без покрив по катастрофалното торнадоФотографија: Lokman Vural Elibol/AA/picture alliance

Во невремето се повредени десетици луѓе. Официјалните лица велат дека бројот на загинати може да се зголеми. Околу 61.000 луѓе во Мисисипи и Алабама сè уште беа без струја во неделата вечер.

Претседателот Џо Бајден во неделата наредил федерално финансирање за Мисисипи за поддршка на локалната обнова на настраданите области, беше наведено во соопштението од Белата куќа. Федералните фондови вклучуваат грантови за итни засолништа, поправки на домови и евтини заеми за покривање на неосигураната имотна штета.

Торнадата тешко можат да се предвидат. Тие се релативно чести во САД, особено во централниот и јужниот дел на земјата.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми