1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
РелигијаИзраел

Латинскиот патријарх доби пристап до Црквата на Светиот Гроб

СН/агенции | дпа
30 март 2026

Во Ерусалим, највисокиот католички претставник беше спречен да учествува на литургијата за Цветоносна недела. Следеше бран критики – и од Германија. Сега се вмеша и израелскиот премиер.

Литургија за Цветници во католички манастир во Ерусалим
Цветоносна недела или Цветници го означува влегувањето на Исус во Ерусалим една недела пред неговото распнувањеФотографија: Mostafa Alkharouf/Anadolu Agency/IMAGO

По жестоките критики, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху нареди да му се дозволи пристап до Црквата на Светиот Гроб во Ерусалим на највисокиот претставник на Католичката црква во Светата земја. Тој ги задолжил надлежните органи да му обезбедат на латинскиот патријарх, кардинал Пјербатиста Пицабала „неограничен и непосреден пристап“ до Црквата на Светиот Гроб, напиша Нетанјаху во ноќта кон понеделник на платформата X.

Пицабала во неделата беше спречен од израелската полиција да влезе во Црквата на Светиот Гроб во Стариот град на Ерусалим во Израел. Италијанецот сакал да ја служи традиционалната литургија за Цветоносна недела (Цветници) во црквата, но бил запрен од израелски полицајци и замолен да се повлече, соопшти Латинската патријаршија на Ерусалим. Инцидентот го опиша како „сериозен преседан“.

Остри критики за постапката

Неколку високи политичари остро ја осудија постапката. Италијанската премиерка Џорџа Мелони изјави дека спречениот пристап за Пицабала претставува „навреда не само за верниците, туку и за секоја заедница што ја признава верската слобода“. 

Највисокиот католички претставник во Светата земја, латинскиот патријарх, кардинал Пјербатиста ПицабалаФотографија: Issam Rimawi/Anadolu/picture alliance

Надворешнополитичкиот експерт на германските демохристијански партии ЦДУ и ЦСУ, Армин Лашет, го нарече инцидентот неприфатлив. „Да му се забрани на претставникот на Папата да ја посети најсветата христијанска локација во Страстната седмица е нарушување на вековната традиција на слободен пристап до Црквата на Светиот Гроб“, изјави претседателот на Комитетот за надворешни работи во Бундестагот за германската новинска агенција ДПА.

Полицијата се повика на безбедносни причини

Израелската полиција соопшти дека сите свети места во Стариот град на Ерусалим моментално се затворени од безбедносни причини поради војната со Иран – особено оние „кои немаат стандардни засолништа за да се обезбеди јавна безбедност“.

Нетанјаху понатаму напиша дека кардинал Пицабала бил замолен да не служи литургија во црквата поради посебна загриженост за неговата безбедност. Во последно време, парчиња од ракети паднале само неколку метри од Црквата на Светиот Гроб. Иако можел да ја разбере оваа загриженост, Нетанјаху наведе дека им наредил на властите да му овозможат на кардиналот да ги служи богослужбите како што самиот ќе посака.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми