1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ТероризамРусија

По нападот во Москва: Која е ИСИС-К?

25 март 2024

Што е познато за терористичката група која стои зад нападот во московската концертна сала? Џихадистите кои дејствуваат од Авганистан ги засилуваат своите активности во Русија.

Москва напад Крокус Сити Хол
Напаѓачите фрлале експлозив за да го подметнат пожарот кој на крајот ја уништи концертната сала во МоскваФотографија: Russian Emergency Ministry Press Service/AP/picture alliance

Кратко по нападот во московската концертна сала „Крокус Сити Хол“ во ноќта на 22 март, одговорноста за него ја презеде огранок на т.н. „Исламска држава провинција Хорасан” (ИСИС-К или ИСИС-Х). Соопштението беше објавено од страна на новинската агенција Амак, блиска до ИСИС (или ИД), преку платформата Телеграм.

Кој стои зад ИСИС-К?

ИСИС-К важи за еден од најнасилните ограноци на Исламска држава (ИД). Транснационалната џихадистичка терористичка група од 2015 година има убиено илјадници луѓе при напади во Авганистан и Пакистан.

Името на групата потекнува од Хорасан, антички назив за регион кој опфаќа делови од Иран, Туркменистан и Авганистан, иако нивните активности се одвиваат и надвор од овие граници. ИСИС-К е формирана во 2014 година од страна на поранешни членови на талибанците и на Ал Каеда во Пакистан и Авганистан. Тие застапуваат насилна интерпретација на џихадизмот. Во 2015 година се декларираа официјално како ограник на ИСИС во Корасан. И тие ја следат целта да формираат транснационален калифат, држава за муслимани, со која би се управувало според нивната радикална интерпретација на исламот.

Има ли контакти со други џихадистички групи?

Врските меѓу членовите на ИСИС-К и други исламистички терористички групи според аналитичарите се лабави, со тоа што борци и фракции од групи како Ал Каеда и талибанците често преминуваат во ИСИС-К. Пред талибанците во август 2021 година да ја преземат повторно власта во Авганистан, ИСИС-К се најде во фокусот на американските и поранешните авганистански владини сили и беа убиени бројни водачи од среден и повисок ранг. Настанатиот безбедносен вакуум по повлекувањето на САД ѝ даде на групата нов елан и ѝ овозможи да направи нови кампови за обуки и да ги прошири меѓународните мрежи.

Слика од пропагандно видео без датум објавена на интернет од терористичката милиција Исламска држава (ИД) на 19 мај 2017 годинаФотографија: Uncredited/Militant Photo/dpa/picture alliance

Каков се релациите со талибанците?

Талибанците по сопствени наводи се обиделе да ги намалат активностите на ИСИС-К и тврдат дека нивните безбедносни сили по враќањето на власт уапсиле и затвориле илјадници членови на групата.

Способноста на талибанците да ја сузбие групата, според извештаи во медиумите, се смета за недоволна и неефикасна затоа што нападите од ИСИС-К врз етнички и верски малцинства во Авганистан се сѐ почести.

ООН почесто изразуваат загриженост за тоа дека групи како Ал Каеда и ИСИС-К преку нивните врски со членови на талибанците може да дојдат до напредно оружје на НАТО останато од западните сили кои се повлекоа од земјата, која поради недостигот на безбедносен надзор е станата прибежиште за нив.

Талибански борци во Авганистан го слават повлекувањето на американските трупи во март 2020 годинаФотографија: NOORULLAH SHIRZADA/AFP/Getty Images

Најновите активности на ИСИС-К

ИСИС-К ја презеде одговорноста за бомбашки напад во кој на 3 јануари 2024 година во иранскиот град Керман загинаа 95 лица. Според агенциски извештаи, американските тајни служби повеќе недели пред нападот ги известиле властите во Техеран за планиран напад, исто како и во случајот со неодамнешниот напад во Москва.

Откако групата повторно зајакна, фокусот ѝ е свртен кон Русија. Во март соработници на американските тајни служби посочиле дека групата е активна во Русија и дека има планови за напад во Москва. Руската безбедносна служба ФСБ соопшти дека на 7 март спречила вооружен напад на групата врз синагога  во регионот Калуга, во близина на Москва.

Мотив за терористичките напади во Русија, според експерти, може да биде руската интервенција во граѓанската војна во Сирија. Москва го поддржуваше сирискиот претседател Башар ал-Асад и бомбардираше позиции на Исламска држава. Многу водачи на ИД оттогаш го осудуваат Путин како лидер на чии раце има муслиманска крв.

„Правдата ќе победи“: Оваа реченица на арапски е напишана на постер во Дамаск на кој се прикажани рускиот претседател Путин и сирискиот владетел АсадФотографија: Louai BESHARA/AFP/Getty Images

Пропагандата на ИСИС-К се однесува и на историјата на советската инвазија во Авганистан, кој од 1979 до 1989 беше под советска окупација.

Групата се обидува да изврши и терористички напади во Европа. Германската полиција во изминатите години уапси повеќе приврзаници на ИСИС-К, последно во март годинава, кога беа уапсени две лица во покраината Северна Рајна Вестфалија, на кои им се префрла дека планирале напад врз шведскиот парламент.

Германската полиција во изминатите години уапси повеќе приврзаници на ИСИС-КФотографија: Christoph Hardt/Panama Pictures/picture alliance

Водачи на ИСИС-К најавија одмазднички напади врз Шведска, Холандија и Данска поради тоа што таму се палеа Курани.

Овој текст првично е објавен на ДВ на англиски јазик

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми