1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КриминалСоединети Американски Држави

Трамп сака укинување на пресудата за прикривање на поткуп

СН/агенции
4 декември 2024

Идниот американски претседател во август беше прогласен за виновен за прикривање на поткуп за порно ѕвезда. Неговите адвокати сега бараат да се прекине судскиот процес и се повикуваат на зборовите на претседателот Бајден

По изборот за претседател на САД, Доналд Трамп се чини дека е на врвот на моќта
По изборот за претседател на САД, Доналд Трамп се чини дека е на врвот на моќтаФотографија: Callaghan O'Hare/REUTERS

Како што претходно се навестуваше, адвокатите на новоизбраниот  претседател на САД, Доналд Трамп го користат помилувањето од страна на претседателот во заминување Џозеф Бајден за неговиот син Хантер за да тврдат дека треба да биде отфрлена обвинителната пресуда против Трамп пред судот во Менхетен во случајот со тајните исплати на пари за молчење на порно актерката Сторми Даниелс.

Адвокатите на Трамп во судската претставка поднесена во понеделникот рекоа дека Бајден во текстот на помилувањето на Хантер навел дека неговиот син бил „неправедно гонет“ и „поинаку третиран“ пред судот само затоа што е негов син.

Џо и Хантер Бајден: Претседателот на САД во заминување е остро критикуван за одлуката да го помилува својот синФотографија: Evan Vucci/AP Photo/picture alliance

Адвокатите Тод Бланш и Емил Боув, кои Трамп ги избра за највисоки позиции во Министерството за правда во неговата нова администрација, тврдат дека Бајден со тие коментари го осудил Министерството за правда, наведувајќи дека окружниот обвинител на Њујорк, Алвин Брег, учествувал во истиот вид „политички театар. "

Канцеларијата на Брег го обвини Трамп за фалсификување деловни документи во врска со исплата на поткуп од 130.000 долари на Сторми Даниелс во 2016 година пред претседателските избори во замена за нејзиното молчење за нивната наводна сексуална врска.

Порно актерката Сторми Даниелс беше во фокусот на судскиот процес во кој за првпат во историјата еден американски претседател беше прогласен за виновен за кривично дело.Фотографија: SMG/ZUMA Wire/picture alliance

Судијата Хуан Мерчан на неодредено време го одложи изрекувањето на казната за Трамп, по обвинителната пресуда на поротата, откако тој беше реизбран за претседател.

Адвокатите на Трамп, исто така, сакаат да се отфрли пресудата, но канцеларијата на обвинителот соопшти дека ќе се спротивстави на секој обид да се отфрли случајот.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми