1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Сиљановска-Давкова го поздрави предлогот на Мерц и Макрон

9 јуни 2026

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова најави средба со Илијана Јотова во Бугарија и порача дека дијалогот и гаранциите се клучни за евроинтеграцијата.

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, 31.12.2025
Гордана Сиљановска-Давкова го поздрави предлогот на Мерц и МакронФотографија: Macedonian Information Agency

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го поздрави нон-пејперот што го иницираа германскиот канцелар Фридрих Мерц и францускиот претседател Емануел Макрон во пресрет на самитот ЕУ – Западен Балкан, но нагласи дека конечни оценки може да се дадат дури по објавување официјален документ.

„Мојата оценка е дека кога ќе видиме документ, ќе можам попрецизно да кажам за што станува збор. Нон-пејпер значи текст без потпис и формален статус, но ваквите документи често претходат на официјалните. Ако се оценува чекорот, тогаш го поздравувам“, изјави Сиљановска Давкова во интервју за „360 степени“.

Средба со Јотова во Софија

Во контекст на билатералните односи, претседателката најави средба во Бугарија со потпретседателката Илијана Јотова, на маргините на самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа.

Таа очекува разговорите да отворат суштински прашања и да придонесат за напредок во дијалогот меѓу двете земји. Средбата е продолжение на претходните контакти и можност за градење доверба. Претседателката смета дека се потребни конкретни чекори, заеднички проекти и почитување во комуникацијата. 

Фотографија: BGNES

И министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, деновиве исто така најави интензивирање на контактите со бугарските власти, нагласувајќи дека дијалогот е неопходен во актуелниот политички контекст.

„Немаме алтернатива освен европската интеграција. Очекуваме фер решение за билатералниот спор“,изјави Муцунски.

Овие активности се случуваат по самитот ЕУ – Западен Балкан во Тиват и по средбите со високи европски претставници, што укажува на засилен интерес од ЕУ за придвижување на процесот.

Потреба од гаранции и предвидливост

Претседателката вели дека регионот со години се соочува со застој, што ја наметнува потребата од јасни гаранции и предвидливост во процесот на интеграција.

Според неа, Европската Унија мора да понуди појасна стратегија за проширување, бидејќи веќе 13 години нема ново членство од регионот. Таа оцени дека евентуалните реформи и мерки не смеат да бидат замена за полноправно членство, туку чекор кон него.

Јасни рокови за интеграција во ЕУ

Сиљановска Давкова ја нагласува важноста од временски рамки, посочувајќи го примерот на Црна Гора како позитивен модел.

„Потребен е јасен патоказ – што, кога и како ќе се реализира. Секоја држава треба да има индивидуален план за интеграција“, вели таа.

Во однос на предизвиците, особено околу отворањето на кластерите, Претседателката смета дека постојат механизми за надминување на блокадите кои не се поврзани со Копенхашките критериуми.

Таа потенцира дека таквите решенија треба да бидат дел од европска креативност и да обезбедат фер третман за сите земји кандидати.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми