1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Телото на Алекс Салмонд со приватен лет испратено во Шкотска

18 октомври 2024

Салмонд почина во саботата (12.10) од срцев удар додека учествуваше на конференција во Охрид. Неговото тело од Северна Македонија беше испратено со високи почести и едноминутно молчење.

Алекс Салмонд
По шест дена, телото на Алекс Салмонд со високи почести од Охрид пристигна во ШкотскаФотографија: Jane Barlow/PA Wire/empics/picture alliance

Шест дена по ненадејната смрт на поранешниот прв министер на Шкотска, Алекс Салмонд во Охрид, ковчегот со неговото тело со приватен авион пристигна од Северна Македонија кон Абердин, Шкотска. Салмонд почина во саботата (12.10) од срцев удар додека учествуваше на конференција во Охрид. 

Неговото тело од Охрид беше испратено со високи почести и едноминутно молчење. Ковчегот го носеа шестмина припадници на македонската Армија, во присуство на поранешната пратеничка на Шкотската национална партија (СНП) и претседателка на партијата Алба, Тасмина Ахмед-Шеик. 

Александар Елиот Андерсон Салмонд e роден на 31 декември 1954 година. Тој беше прв министер на Шкотска од 2007 до 2014 годинаФотографија: Jane Barlow/PA Wire/empics/picture alliance

Авионот изнајмен и платен од бизнисменот Сер Том Хантер, полета од Охридскиот аеродром Свети Апостол Павле околу 9.20 часот. Телото на Салмонд попладнево ќе биде пренесено во североисточниот дел на Шкотска, блиску до неговиот дом во Стричен, Аберденшир, чиишто гласачи ги претставуваше и во британскиот и во шкотскиот парламент. 

Телото на Салмонд ќе го пречека неговото семејство и лидерот на партијата, Кени Мекаскил.  Во план е да се организира приватен семеен погреб и јавна црковна служба.  

Приватен лет место Кралски воздухоловни сили 

Семејството Салмонд изминатите денови во разговори со владите на Обединетото Кралство и на Шкотска се обидуваше да изнајде решение како да се врати неговото тело дома. Неговиот пријател и конзервативен пратеник, Сер Дејвид Дејвис, се заложи Кралските воздухопловни сили да се користат за враќање на неговото тело. Но, место тоа, беше донесена одлука да се користи приватен чартер лет.  

Иако имаше иницијатива Кралските воздухопловни сили да се користат за враќање на неговото тело, сепак, беше донесена одлука да се користи приватен чартер лет.  Фотографија: Jane Barlow/PA Wire/empics/picture alliance

„Додека јас и тој не се согласувавме за некои на неговите амбиции, Алекс Салмонд го посвети својот живот на Шкотска и на шкотскиот народ и тој, како и неговото семејство, заслужија достоинствено враќање во неговото родно место“, рече Дејвис.
Салмон почина за време на учеството на Школата за млади лидери којашто се одржа во Охрид, во организација на поранешниот претседател Ѓорге Иванов. 

Александар Елиот Андерсон Салмонд e роден на 31 декември 1954 година, тој е шкотски политичар, економист и телевизиски водител, кој беше прв министер на Шкотска од 2007 до 2014 година. Тој бил лидер на партијата Алба од 2021 година. Салмонд беше лидер на Шкотската национална партија (СНП), во два наврати, од 1990 до 2000 година и од 2004 до 2014 година. 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми