1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиБелорусија

Дали платениците од Вагнер ќе останат во Белорусија?

Елена Доронина
26 август 2023

По неуспешниот бунт против руското воено раководство во јуни, борците од платеничката трупа Вагнер на Евгениј Пригожин беа протерани во Белорусија. Што ќе се случи сега со нив, откако Пригожин е веројатно мртов?

Платениците од Вагнер во Белорусија ги обучуваат тамошните војници
Платениците од Вагнер во Белорусија ги обучуваат тамошните војнициФотографија: Voen Tv/Belarusian Defence Ministry/Handout/REUTERS

На каков начин озлогласените водачи на руската приватна војска Вагнер, Евгениј Пригожин и Дмитриј Уткин,веројатно загинале при падот на авион на пат од Москва кон Санкт Петербург? Три дена по катастрофата уште нема целосна јасност, иако ретко некој верува во авионска несреќа.Дури и покрај тоа што Дмитри Песков, портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, секаквишпекулации за налог даден од Кремљ ги отфрли како „лаги“.

За рускиот тесен сојузник Белорусија сега се поставува прашањето: што ќе се случи со дел одплатениците, кои по неуспешниот бунт против руското воено раководство на крајот на јуни беа протерани таму? Станува збор за 4.000 до 5.000 вооружени борци, озлогласени поради бруталниот начин на војување и кои сега во Белорусија се ангажирани како инструктори.

Мал дел веројатно ќе останат во Белорусија...

Досегашната историја на приватната армија на Пригожин е завршена, смета Александер Фридман од Универзитетот Диселдорф, историчар чиј фокус е на источна Европа. „Платениците од Вагнер меѓутоа остануваат во Африка или во Белорусија, трупата ќе опстои, можеби под исто име, но ќе биде подредена на руското Министерство за одбрана“, смета Фридман. 

Белорускиот властодржец Александар Лукашенко радо би задржал дел од платениците и би ги интегрирал во своите структури на моќ, вели Фридман: „Тој има доволно пари за до 3.000 борци, но последниот збор го има Москва.“

Комплетно повлекување наплатеничката војска Вагнер од Белорусија не е во интерес на Русија. Тоа би довело до деескалација на границата со Полска и Литванија, каде се стационирани борците од Вагнер и каде во нив во соседните земји од ЕУ се гледа закана. Но, голем дел од трупата Вагнер ќе биде испратен во Русија или Африка, смета Фридман. 

Платениците од Вагнер - инструктори на белоруските војнициФотографија: Voen Tv/Belarusian Defence Ministry/Handout/REUTERS

На ситуацијата поинаку гледа Александар Класковски, аналитичар од независниот белоруски медиумски проект „Посирк“. Лукашенко нема никаков интерес од Вагнеровците во Белорусија, платениците се останати без водач и судбината на групата како силна воена единица со политички амбиции е неизвесна. И рускиот претседател Владимир Путин, исто како и Лукашенко, е заинтересиран трупата Вагнер да остане помала и не толку влијателна.

Токму и поради тоа што ЕУ и НАТО можат комплетно да ја затворат границата кон Белорусија. Тоа што односите со европските соседни држави се драматично влошени, за Лукашенко е „неповолно“, вели Класковски, затоа белорускиот властодржец ќе се обиде да се ослободи од Вагнер.

...за да ја провоцираат ЕУ

„Групата Вагнер не ја очекува ништо добро“, вели Валериј Сахашчик, приврзаник на белоруската опозициска политичарка и поранешна претседателска кандидатка, Светлана Тихановскаја, која живее во егзил. И Сахашчик верува дека делови од Вагнер можеби ќе останат во Белорусија, за што го има следното објаснување: „Зашто Русија има интерес од провокации на границата на ЕУ и од саботажни акции во Украина“.Притоа, најважно ќе биде прашањето на финансирање.

Сателитска снимка од логорот на Вагнер трупата во Белорусија Фотографија: Planet Labs PBC via AP/picture alliance

„Прогонот“ во Белорусија беше само привремено решение за „проблемот Вагнер на руското раководство“,сублимира Григориј Нишников од Финскиот институт за меѓународни односи. „Не постои ниту тактичка, ниту стратешка цел тие да се задржат во Белорусија“. Лукашенко нема никаква можност да ја води групата наместо Пригожин, ниту се стреми кон тоа, вели Нишников. Неговата прогноза: до крајот на годината трупата Вагнер ќе ја напушти Белорусија.

Во тоа е убеден и Александар Класковски: „Овие луѓе еднаш веќе се дигнаа против Путин. Тој веќе не им верува.“ Затоа, прилично е сигурно, тие ќе бидат поделени, „некои ќе се вратат во цивилен живот, некои ќе заминат во Африка“, смета Класковски.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми