1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиМозамбик

Десетици загинати во судири во Мозамбик

СН/агенции
26 декември 2024

Во затворски бунт во Мозамбик избегаа повеќе од 1.500 затвореници, а 33 се убиени. Во безредијата во неколку градови во земјата, поради спорните изборни резултати, загинаа десетици луѓе.

Главниот град на Мозамбик Мапуто е погоден од бран протести
Главниот град на Мозамбик Мапуто е погоден од бран протестиФотографија: Silaide Mutemba/DW

Продолжуваат немирите во африканската држава Мозамбик по спорните избори во октомври. Според полицијата, демонстрантите упаднале во пет затвори. Само од строго обезбедуваниот затвор Матола во главниот град Мапуто беа ослободени околу 1500 затвореници.

„Најмалку 33 лица загинаа, а 15 се повредени кога избувнаа немири во затворот Матола“,  изјави полицискиот командант Бернардино Рафаел.

За време на инцидентот од затворот избегале 1.534 лица, но досега се фатени 150, дополни Рафаел.

Мозамбик во моментов доживува ескалација на граѓански немири поврзани со спорните избори во октомври, кои ја проширија власта на партијата Фрелимо.

Опозиционерските групи и нивните поддржувачи тврдат дека изборите биле наместени.

Сцена од насилните протести во МапутоФотографија: Amilton Neves/AFP

Додека Рафаел ги обвини протестите пред затворот за поттикнување на немирите, министерката за правда Хелена Кида изјави за локалната приватна телевизија Мирамар ТВ дека немирите започнале внатре во затворот и немаат никаква врска со протестите надвор од затворот.

„Судирите кои следеа резултираа со 33 смртни случаи и 15 повредени во околината на затворот“, рече Рафаел на прес-конференцијата.

Министерот за внатрешни работи на Мозамбик во вторникот изјави дека најмалку 21 лица загинале во немирите откако највисокиот суд во земјата во понеделникот ја потврди победата на Фрели.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми