1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаТурција

Кац му порача на Ердоган да се сети на судбината на Хусеин

ЕМФ / дпа
29 јули 2024

Односите меѓу Турција и Израел се влошија драстично од почетокот на војната во Газа. Сега Ердоган му се заканува на Израел. Одговорот од Тел Авив дојде веднаш.

Турција |  Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган
Турскиот претседател Ердоган на настанот што го одржа неговата партија АКП во Ризе, на Црното МореФотографија: Murat Cetinmuhurdar/Anadolu/picture alliance

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган му се закани на Израел со воена интервенција. „Како што влеговме во Нагорно-Карабах, како што влеговме во Либија, истото ќе го направиме и со нив“, изјави Ердоган во однос на Израел, за време на настанот што го одржа неговата владејачка партија АКП во Ризе, на Црното Море. Ердоган притоа мислеше на конфликтот во Нагорно-Карабах, каде тој, меѓу другото, му даде поддршка на Азербејџан со беспилотни летала. Во Либија, Анкара ја поддржува меѓународно признатата влада со воена опрема и персонал.

Брз одговор од Израел

Израелскиот министер за надворешни работи Израел Кац веднаш му одговори на турскиот претседател со предупредување: „Ердоган оди по стапките на Садам Хусеин и се заканува дека ќе го нападне Израел. Треба само да се сети што се случи таму и како се заврши“, напиша Кац на платформата X.

Американските трупи влегоа во Ирак во 2003 година. Воената операција доведе до соборување на тогашниот ирачки диктатор Садам Хусеин. Три години подоцна, Хусеин беше погубен поради масакри врз Курдите и шиитите.

Од почетокот на војната во Газа односите помеѓу Израел и Турција драстично се влошија. Ердоган го нарече исламистичкиот Хамас „ослободителна организација“ и го спореди израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху со Адолф Хитлер. На средината од јули Ердоган соопшти дека неговата земја во иднина нема веќе да ја одобрува соработката помеѓу НАТО и неговиот партнер Израел сѐ додека не се постигне траен мир на палестинските територии.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми