1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КултураГерманија

Почеток на карневалската сезона во Рајнската област

ЖА / агенции
11 ноември 2022

Точно во 11 часот и 11 минути, денеска во Рајнската област започна петотто годишно време, илјадници маскирани во карневалските упоришта Келн, Диселдорф и Мајнц го слават почетокот на карневалската сезона.

Почеток на карневалот во Келн
Почеток на карневалот во КелнФотографија: Rolf Vennenbernd/dpa/picture alliance

И денеска, на 11 ноември во 11 часот и 11 минути традиционално во германската Рајнска област почна новата карневалска сезона која завршува на среда Пепелница, на 22 февруари 2023 година.

Најмасовно и најбучно секако е на улиците на Келн, каде карневалот годинава се одржува под мотото „200 години Келнски карневал - вкрстено". Во покраинската престолнина на Северна Рајна Вестфалија, Диселдорф, карневалистите празнуваат под мотото „Го славиме животот“.

Првпат по пауза од две години поради пандемијата на коронавирус, карневалот се одржува без никакви епидемиолошки ограничувања. Ланската година карневалистите мораа да се придржуваат на т.н. услов 2Г – да приложат доказ дека се вакцинирани или дека ја имаат прележано болеста. Ви пренесуваме дел од атмосферата низ фотографии: 

Карневалисти пред катедралата во КелнФотографија: Roberto Pfeil/dpa/picture alliance
200 години Келнски карневал Фотографија: Political-Moments/IMAGO
Весела атмосфера на карневалот во ДиселдорфФотографија: Fabian Strauch/dpa/picture alliance
Карневалска прослава во МајнцФотографија: Sebastian Gollnow/dpa/picture alliance
Добро карневалско расположение и во ЕрфуртФотографија: Michael Reichel/dpa/picture alliance

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми