1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
МузикаСоединети Американски Држави

Почина легендарниот пејач Хари Белафонте

ЖА / агенции
25 април 2023

Американскиот пејач, актер и активист за граѓански права починал во својата 96-та година во својот дом во Њујорк од срцеви проблеми.

Хари Белафонте
Легендариот американски пејач Хари БелафонтеФотографија: Dennis Van Tine/Geisler-Fotopress/picture alliance

Хари Белафонте, кој се смета за еден од најуспешните афроамерикански поп-ѕвезди во историјата, беше патоказ за бројни американски уметници со црна боја на кожата. Беше познат и како „крал на калипсото“ и страстен борец против сиромаштијата, еден од иницијаторите на песната „Ние сме светот“ („We Are The World") која во 1985 година ја изведоа бројни музички супер ѕвезди, а чии приходи беа наменети за жртвите од гладот во Етиопија.

САД за Африка - спектакуларен настап на 45 музички ѕвезди во САД во 1985 година Фотографија: AP Photo/picture alliance

Во 2014 година беше одликуван со почесен Оскар за своите хуманитарни ангажмани.

Почесен Оскар за неуморната хуманитарна работа на Хари Белафонте во 2014 годинаФотографија: REUTERS/K. Djansezian

Белафонте е роден на 1 март 1927 година во њујоршкиот кварт Харлем, неговата мајка потекнувала од Јамајка, а таткото од францускиот карипски остров Мартиник. Дел од своето детство Хари поминал во Јамајка, пред да се врати во САД и да направи неповторлива кариера како пејач и актер.

Во филмовите ја тематизираше расната поделба во САД и социјалната нееднаквост, а како активист во граѓанското движење Белафонте бил и близок соработник на Мартин Лутер Кинг.

Хари Белафонте и Мартин Лутер Кинг во Њујорк, 1964 годинаФотографија: Stringer/Getty Images/AFP

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми