1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаСоединети Американски Држави

Почина поранешниот потпретседател на САД, Дик Чејни

ЖА / агенции
4 ноември 2025

Дик Чејни беше влијателен политичар на Републиканската партија и дел од администрацијата на двајцата претседатели Буш. Поранешниот потпретседател на САД и секретар за одбрана почина на 84-годишна возраст.

Дик Чејни беше влијателен политичар на Републиканската партија
Дик Чејни беше влијателен политичар на Републиканската партија и дел од администрацијата на двајцата претседатели БушФотографија: Kamran Jebreili/AP Photo/dpa/picture alliance

Поранешниот потпретседател на САД и секретар за одбрана Дик Чејни почина, објавија неколку медиуми, меѓу кои Си-Ен-Ен, повикувајќи се на семејството на Чејни. Чејни имаше 84 години. Според извештаите, починал во понеделник вечерта од компликации од пневмонија и кардиоваскуларни заболувања.

Чејни беше потпретседател на САД од 2001 до 2009 година под Џорџ В. Буш. Овој период, меѓу другото, ги вклучуваше терористичките напади од 11 септември 2001 година и американската инвазија на Ирак. Чејни постојано ги бранеше вонредните  мерки за надзор, притворање и испрашување  што владата на  САД  ги користеше како одговор на терористичките напади. Тој беше претходно и секретар за одбрана, од 1989 до 1993 година под Џорџ Буш сениор.  Чејни се смета за еден од највлијателните потпретседатели  во историјата на САД.

Чејни страдаше од срцеви проблеми поголемиот дел од својот живот, на 37-годишна возраст го доживеа првиот од неколкуте срцеви удари. Во 2012 година, му беше извршена трансплантација на срце.

Неговата ќерка, Лиз Чејни,  исто така стана влијателна републиканска конгресменка и остар критичар на сегашниот американски претседател  Доналд Трамп.  Пред претседателските избори во 2024 година, Дик Чејни објави дека ќе гласа за демократската кандидатка, Камала Харис. „Во 246-годишната историја на нашата нација, никогаш не постоела личност која претставувала поголема закана за нашата република од Доналд Трамп“, изјави Чејни.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми