Почнува изградбата на гасоводот помеѓу Србија и Бугарија
1 февруари 2023Изградбата на гасоводот ќе почне на бугарска територија. Вкупната должина на двонасочниот гасен конектор низ двете држави ќе биде околу 170 километри, односно тој ќе се протега од Нов Искар, во близина на Софија, до Ниш во Србија. Поголемиот дел од гасoводот - 109 километри - ќе биде на српска територија. Гасоводот ќе има годишен капацитет од 1,8 милијарди кубни метри гас.
Вредноста на гасниот конектор Ниш-Димитровград-Бугарија е 85,5 милиони евра. Договорот за изградба на гасоводот е потпишан во 2010 година, а според проценките тој треба да биде пуштен во употреба на средината од 2023 година.
На почетокот на изградбата на гасоводот денеска (1.02) ќе присуствуваат и претседателите на двете држави, Александар Вучиќ и Румен Радев, кои, според најавите, треба да одржат и меѓусебна средба.