1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ИсторијаСоединети Американски Држави

Подморница со туристи исчезна близу потонатиот „Титаник“

СН/дв
20 јуни 2023

Во близина на источниот брег на Северна Америка во тек е потрага по мала подморница со пет лица, која започнала нуркање до потонатиот брод „Титаник“. Според операторот, кислородот на подморницата е доволен за 96 часа.

Малата подморница „Титан“: Изгубен е контакт со неа по два часа откако се нурнала кон потонатиот „Титаник“
Малата подморница „Титан“: Изгубен е контакт со неа по два часа откако се нурнала кон потонатиот „Титаник“Фотографија: AP/picture alliance

Мала подморница со пет лица кои оделе да го видат потонатиот брод „Титаник“ на дното на Атлантскиот океан изгубила контакт со матичниот брод „Полар принц“ еден час и 45 минути откако се нурнала, соопшти синоќа американската крајбрежна стража. .

Портпаролката на крајбрежната стража, Саманта Коркоран, рече дека потрагата е во тек во близина на остатоците од потонатиот брод „Титаник“, а брод на канадската крајбрежна стража е на пат кон областа на исчезнувањето.

Како што јави Асошиејтед прес, повикувајќи се на заедничкиот центар за спасувачки операции во Нова Шкотска, областа на исчезнувањето е околу 700 километри јужно од Сент Џон, Њуфаундленд. И Нова Шкотска и Њуфаундленд припаѓаат на Канада.

Внатрешноста на подморницата „Титан“ во која има место за пет патници (фотографија од 2021 година)Фотографија: AP/picture alliance

Во потрагата по подморницата која исчезна во неделата (18 јуни 2023) учествуваат два американски и еден канадски воен авион. Еден од американските авиони, П-8 Посејдон, може да открие подморници под вода. „Бараме пет лица“, рече Саманта Коркоран, додавајќи дека не знае кои се тие.

Според операторот на турата до потонатиот брод Титаник, ОушнГејт Експедишанс, подводниот брод може да превезе до пет лица - пилот, „експерт за содржина“, односно водич и тројца патници кои одат на турнеја како туристи.

Операторот, исто така, наведува дека овој мал брод има систем за одржување на животот кој им овозможува на пет лица да поминат до 96 часа на бродот.

Се тргнува на патувањето со брод од Сент Џонс, Њуфаундленд. Платената тура трае осум дена, а од брегот до потонатиот брод има 400 наутички милји.

Кога ќе се пристигне во зоната над потонатиот брод, туристите се качуваат на малата подморница наречена „Титан“ и одат на дното на океанот.

Бактерии го „јадат“ Титаник

00:53

This browser does not support the video element.

Според туроператорот, подморницата може да нурне до длабочина од 4.000 метри.

„Титаник“, некогаш најголемиот патнички брод во светот, се судри со санта мраз во 1912 година и потона на своето прво патување. Потонатиот брод е преполовен, се повеќе се распаѓа и се наоѓа на длабочина од околу 3.800 метри. Откриен е во 1985 година.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми