1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиСоединети Американски Држави

Лос Анџелес: Се расчистува протестниот камп на универзитетот

2 мај 2024

Стотици полицајци се во акција на кампусот од Универзитетот УКЛА за растурање на про-палестински камп, ден по насилни судири меѓу про-палестински и про-израелски поддржувачи.

Стотици полицајци се во акција на кампусот од Универзитетот УКЛА за растурање на про-палестински камп
Стотици полицајци се во акција на кампусот од Универзитетот УКЛА за растурање на про-палестински кампФотографија: Aude Guerrucci/REUTERS

Стотици полицајци навлегоа на кампусот од универзитетот Калифорнија во Лос Анџелес откако падна мрак, подготвувајќи се да расчистат про-палестински протестен камп кој претходната ноќ беше нападнат од про-израелски поддржувачи.

Претстојното растурање на кампот е последна кулминација и пример за растечките тензии на американските кампуси, каде протестите заради однесувањето на Израел во војната во Појасот Газа доведе до меѓусебни судири на студентите, администрацијата и полицијата.

Почнувајќи околу зајдисонце, полицајците во целосна борбена опрема, почнаа да навлегуваат во кампусот на кој се наоѓа кампот со повеќе шатори и голем број демонстранти. Некои од нив беа видени со тврди шапки и респираторни маски во пресрет на очекуваната акција ден откако универзитетот одлучи дека кампувањето е нелегано.

Стотици други про-палестински активисти кои беа насобрани надвор од кампот, ја исвиркуваа полицијата и довикуваа „срам да ви е”, некои од нив тропајќи на тапани и веејќи палестински знамиња.

Многу помала група со израелски знамиња ја поттикнуваа полицијата да го затвори кампот довикувајќи, „хеј хо, окупацијата да заврши."

УКЛА откажа предавања по насилни судири меѓу камперите и маскирани контра-демонстранти кои изведоа неочекуван напад врз кампот претходната ноќ. Демонстрантите од кампот кој беше поставен минатата недела, инаку беа мирни пред судирот во кој двете страни се исвиркуваа и прскаа со бибер спреј. Членови на про-палестинската група велат дека фрлале петарди врз нив и дека ги тепале со стапови. Судирот траел два до три часа до раните утрински часови во средата, а потоа полицијата повторно го воспостави редот. Портпарол за калифорнискиот гувернер Гејвин Еусам подоцна ја критикуваше „лимитираната и одложена реакција на обезбедувањето на кампусот” како „неприфатлива”.

Полицијата уапси околу 300 лица поради прекршоциФотографија: Mike Blake/REUTERS

Операцијата на полицијата се случува откако во Њујорк беше уапсен про-палестински активист кој окупираше зграда во универзитетот од Колумбија и отстрани шатор од училиштето Ајви Лиг.

Полицијата уапси вкупно 300 лица, многумина поради прекршоци.

Судирите на УКЛА и во Њујорк се дел од најголемиот студентски активизам во САД од анти-расистичките протести и маршеви во 2020 година до сега.

Деведесет про-палестински демонстранти беа успсени во Дармут универзитетот во Њу Хемшир, кои исто така се товарат за прекршоци или пружање отпор при апсење.

Протестите уследија по нападот од 7 октомври врз  јужен Израел  од страна на милитантите на Хамас, по што следеше израелска офанзива во палестинската енклава.

Студентите поставија кампови или демонстрираа на десетици универзитети во САД во изминатите денови, барајќи итно примирје во Газа и дистанцирање од компании кои ја поддржуваат израелската влада.  Многу од универзитетите  ја повикаа и полицијата на помош.

Демонстрантите во земјата се соочуваат со контра-протести кои ги обвинуваат дека шират анти-анти-еврејска омраза. Про-палестинската страна, вклучително и Евреи кои се против  постапувањето на Израел во Газа,  велат дека на неправеден начин се етикетираат и како антисемити за тоа што ја критикуваат израелската влада и изразуваат поддршка за човекови права.

Темата има политичка конотација во пресрет на претседателските избори во САД во ноември. Републиканците ја обвинуваат универзитетската администрација дека прогледува низ прсти на антисемитска реторика и ширење омраза.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми