1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Истрели близу израелскиот конзулат во Минхен

ЖА
5 септември 2024

Во близина на Документацискиот центар за националсоцијализмот и израелскиот конзулат во центарот на Минхен се слушнале истрели, полицијата соопшти дека застрелала сомнителен човек.

Полицијата пукала во сомнителен човек кај израелскиот конзулат во Минхен
Полицијата пукала во сомнителен човек кај израелскиот конзулат во Минхен Фотографија: Simon Sachseder/dpa/picture alliance

Бројни полицајци се во акција во центарот на Минхен во близина на Центарот за документација на националсоцијализмот и израелскиот генерален конзулат. Според полицијата, стрелано е кон сомнително лице, кое е погодено и смртно повредено „Во областа Каролиненплац полициските сили пукале во сомнително лице, кое веројатно носело оружје со себе, лицето било погодено“, напиша полицијата на сервисот за кратки пораки X. Регионот на инцидентот е опколен. Засега нема информации за други можни осомничени или повредени. Првично остана нејасно дали има други повредени. Очевидци известија дека се чуле неколку истрели во областа.

Германската министерка за внатрешни работи Ненси Фезер изјави дека заштитата на израелските институции се највисокиот приоритет по пукањето во центарот на Минхен, кое го опиша како „сериозен инцидент“. Таа е во постојан контакт со службите за итна помош и не сака да шпекулира околу натамошни детали.

Израелското Министерство за надворешни работи соопшти дека ниеден вработен во израелскиот конзулат во Минхен не е повреден. Во Конзулатот се одржувала комеморација по повод атентатот на Олимпијадата во Минхен во 1972 година, поради тоа тој бил затворен.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми