1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ЕкономијаПолска

Полска: Протекува нафтоводот „Дружба“

Дирк Кауфман
12 октомври 2022

Полска соопшти дека протекува нафтоводот „Дружба“, преку кој тече нафта од Русија во Германија. Минатиот месец беа откриени протекувања на гасоводите „Северен тек“.

Нафтоводот Дружба е изграден во 1960-тите и долг е 5.500 километри
Нафтоводот Дружба е изграден во 1960-тите и долг е 5.500 километриФотографија: Patrick Pleul/dpa-Zentralbild/dpa/picture alliance

Причината за истекувањето сè уште е непозната, објави полскиот оператор со гасоводот Перн. Според Перн, истекувањето е откриено доцна вчеравечер (11.10) на една од двете линии на западниот дел од нафтоводот, на околу 70 километри од полскиот град Плоцк. Тоа е главната линија по која тече сурова нафта во насока на Германија.

Портпаролка на локалната професионална противпожарна бригада за новинската агенција ПАП изјави дека истекување има во селото Ланија. „Пумпите веднаш беа исклучени. Другата линија на нафтоводот е сè уште во функција“, се вели во соопштението на операторот. Истото важи и за остатокот од мрежата. На местото на истекувањето се испратени службите за ургентни ситуации на операторот и противпожарната бригада.

Важна поврзница

Тим за хемиска и еколошка санација е на лице место, изјави портпарол на противпожарната служба за телевизијата ТВП. Акцијата веројатно ќе трае повеќе часови. Работите се концентрираат на испумпување на супстанција базирана на нафта од вдлабнатина во поле со пченка. Досега се испумпани 400 кубни метри нафта, гасоводот е запрен, а притисокот паѓа. Пожарникарите сѐ уште се обидуваат да ја утврдат точната локација на оштетувањето.

Гасоводот Дружба е еден од најголемите во светот и преку него се доставува руска нафта до неколку земји во централна Европа. Тој ја снабдува со нафта и рафинеријата Шветво Бранденбург. Неговите цевки се протегаат делумно над, а делумно под земја.

Дали се работи за саботажа?

Полските власти нагласуваат дека сѐ уште се истражуваат причините и точниот обем на штетата. Сепак, со оглед на тензиите меѓу Русија и Западот, многу европски влади се загрижени за потенцијалната опасност што постои од можни напади врз енергетската инфраструктура.

Гасоводите Северен тек 1 и 2, кои транспортираат руски гас преку Балтичкото Море до Германија, беа затворени во септември по откриено истекување. Во европските метрополи се претпоставува дека се работи за саботажа.

Нафтоводот Дружба е изграден во 1960-тите и долг е 5.500 километри. Нафтата преку две линии се пренесува од Урал преку Белорусија и Украина до Европа.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми