1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаПолска

Полскиот премиер ги анулира реформите на ПиС - голем отпор

Моника Ширацка
20 јануари 2024

Целта на полскиот премиер Туск е да го врати владеењето на правото. ПиС и претседателот Дуда прават сѐ што можат за да го отежнат ова. Последниот спор е за назначувањето на јавниот обвинител.

Пратениците во Сејм, полскиот парламент
Пратениците во Сејм, полскиот парламентФотографија: Wojtek Radwanski/AFP/Getty Images

Новиот полски премиер Доналд Туск и неговата левичарска коалиција сакаат да го сменат преструктуирањето на државата извршено од страна на претходната влада.  Тие веќе презедоа далекусежни мерки во изминатите неколку недели.  Беа сменети челниците на јавните медиуми,  а новинарите кои беа  пропагандисти на поранешната владејачка партија  Право и правда (ПиС) беа отпуштени. Двајца високи политичари на ПиС беа уапсени поради злоупотреба на службената положба и испратени во затвор, каде што штрајкуваа со глад. Во средата (17 јануари 2024 година) беше уапсен поранешниот заменик министер за надворешни работи Пјотр Ваврзик. Постои сомневање дека тој стои зад корумпираниот систем преку кој  полските конзулати им нуделе полски Шенген визи  на заинтересираните луѓе во Азија и Африка во замена за големи суми пари.

Енергичните обиди на владата на Туск за реформирање на државата предизвикуваат протести кај опозицијата и нејзините поддржувачи, кои за возврат имаат поддршка од претседателот Анджеј Дуда. Овој жесток отпор и последиците од реформите во судството што ги спроведе национал-конзервативната партија во текот на осумте години на власт може да предизвикаат многу главоболки за новата влада.

Протести на приврзаниците на ПиС против владата на Доналд Туск во ПолскаФотографија: Czarek Sokolowski/AP Photo/picture alliance

Последниот конфликт е предизвикан од назначувањето на вршител на должноста шеф на државното обвинителство, кој е и прв заменик на министерот за правда. Веднаш по преземањето на функцијата, новиот министер за правда Адам Боднар побара од државниот обвинител Дариуш Барски, назначен од ПиС, да поднесе оставка. Кога тој одбил, Боднар го назначил Јацек Билевич за „в.д. државен обвинител“. Неговиот аргумент: назначувањето на Барски во 2022 година од страна на поранешниот министер за правда не беше легално.

Дуда: „Терор врз владеењето на правото“

Претседателот Дуда  потоа го обвини министерот за правда дека не го консултирал и побара појаснување од Уставниот суд. Судот, каде повеќето од судиите се сметаат за лојални на ПиС, го суспендираше назначувањето од страна на министерот за правда до пресудата. Државното јавно обвинителство се сврте и против својот нов шеф, министерот за правда и јавен обвинител Боднар.

Ова е само еден од примерите што ги покажува спротивните ветрови со кои моментално се соочува проевропската влада на Туск во обидот да го врати демократскиот поредок. Претседателот ја обвинува владата на Туск за „тероризирање на владеењето на правото“. Туск, пак, нагласи дека владеењето на правото е основа ориентација за неговите постапки.

Туск ја напаѓа ПиС

Опозицијата ги обвинува  Туск и неговата влада  за незаконско дејствување во многу негови одлуки. Во средата таа не успеа со барањето за недоверба на министерот за култура Бартломиј Сиенкиевич. Таа го обвинува дека постапувал незаконски со неговата смена на шефови на јавни медиуми.

Новиот министер за правда на Полска, Адам БоднарФотографија: Pawe Supernak/PAP/picture alliance

„Никој во светот не се сомнева дека системот на (лидерот на ПиС, Јарослав) Качински се потпира на лаги за да остане на власт“, ​​рече Доналд Туск во дебатата во Сејмот. Осврнувајќи се на високите плати на вработените во јавниот сервис ТВП, тој се обрати до ПиС: „Вашата вера е алчност, вашиот идол е мамон“. Тоа е причината што опозициската партија толку жестоко се бори да го зачува овој систем, истакна Туск.

Буџетот за 2024 година: трка со времето

Додека на парламентарните седници доминираат тековните дебати, најважна задача на Сејмот останува расправата за буџетот за 2024 година. Законот мора да биде одобрен од Сејмот најдоцна до крајот на јануари, во спротивно претседателот може да го распушти парламентот и да свика нови избори.

Претседателот на парламентот Шимон Холовнија е сигурен дека рокот може да се испочитува. Но, времето станува сè пократко. Буџетот веќе беше на дневен ред минатата недела, но Холовнија го прекина состанокот и го одложи за оваа недела, бидејќи стравуваше од протести во Сејмот против апсењето на двајца политичари од ПиС.

Обвинувања на Дуда до Брисел

Протестите, кои траат повеќе од една недела, а сега се преселија на улица, се поради поранешниот министер за внатрешни работи Мариуш Камински и неговиот поранешен заменик Мариуш Васик. Во декември 2023 година тие беа осудени на две години затвор за злоупотреба на службената положба во втор степен. Стануваше збор за нивната работа како шефови на антикорупциската агенција ЦБА во 2007 година. Иако пресудата е правосилна и затоа ги загубија мандатите во Сејмот, ПиС продолжува да ги гледа како членови на парламентот и ги класифицира како „политички затвореници“.

Јарослав Качински не може да с епомири со губењето на власта на неговата ПиСФотографија: Jaap Arriens/NurPhoto/picture alliance

Нивното апсење беше една од темите за кои претседателот Дуда разговараше со еврокомесарката Вера Јоурова на маргините на Светскиот економски форум во Давос. Јоурова изјави дека Дуда ја обвинил дека Европската комисија повеќе не интервенира кога се прекршува законот во Полска, додека тоа често го правела  во ерата на ПиС.

На ПиС му треба „гориво“ за критикување на владата 

Клучот на ова прашање притоа е во рацете на самиот претседател, кој пред неколку дена изјави дека сака да ги помилува двајцата политичари. Но, она што првично изгледаше како деескалација, брзо се покажа како спротивно: наместо да користи едноставна процедура за помилување, на која има право според Уставот, Дуда иницираше многу покомплициран процес, кој исто така му дава право на министерот за правда за учество во одлуката и кој би можел да се одолговлекува со месеци.

Пресметката изгледа едноставна и цинична: сè додека двајцата останат во затвор, ПиС ќе има свои нови херои и на тој начин ќе поттикнува понатамошни напади врз владата на Туск.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми