1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиЕвропа

Поморски хуманитарен коридор за Газа уште на викенд?

ЖА / агенции
8 март 2024

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен најави можност хуманитарниот коридор меѓу Кипар и Појасот Газа да профункционира како тест уште овој викенд.

Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен со кипарскиот претседател Никос Христоулидис во Ларнака, Кипар
Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен со кипарскиот претседател Никос Христоулидис во Ларнака, КипарФотографија: Andreas Loucaides/PIO/AFP

Преку хуманитарниот коридор по поморски пат од островот Кипар во Средоземјето, Палестинците во крајбрежјето на Појасот Газа би добиле итно потребни продукти и помош, најави денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. При посетата на Кипар, членка на ЕУ, таа изјави дека уште во текот на денешниот ден од кипарското пристаниште Ларнака може да стартува тест за помош во храна за Палестинците, обезбедена од страна на добротворна организација и со поддршка од Обединетите Арапски Емирати. Но, останува нејасно каде би пристанале бродовите со помош.

Американскиот претседател Џо Бајден во својот говор за состојбата на нацијата најави дека американската војска е спремна да изгради  провизорно пристаниште - на брегот на Појасот Газа. На тој начин хуманитарна помош би се доставувала и по поморски пат. Пристаништето би значело многукратно зголемување на  хуманитарната помош за Палестинците,  станува збор за стотици дополнителни камиони дневно. САД и ЕУ со недели вршат притисок врз Израел, чија војска по нападот од страна на Хамас на 7 октомври испрати копнени трупи во Појасот Газа, да дозволи влез на поголеми количини  хуманитарни пратки за населението.

Кипарскиот поморски коридор би бил заеднички проект на ЕУ, Обединетите Арапски Емирати и САД, изјави фон дер Лајен при средбата со кипарскиот претседател Никос Христоулидис.

Доставувањето хуманитарна помош преку пристаниште на ЕУ треба да спречи во Појасот Газа да бидат прошверцувани други стоки, како оружје за терористичката организација Хамас.

Хуманитарната ситуација во Појасот Газа  во меѓувреме е катастрофална,  многу луѓе немаат пристап до вода за пиење,  храна и лекови.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми