1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КатастрофиГерманија

Поплави во Германија: Загрижувачки временски прогнози

СН/агенции
20 мај 2024

Новите обилни врнежи предизвикаа поплави и лизгања на земјиштето во погодените региони а загрижуваат и временските прогнози. Во меѓувреме, поплавите во Сар и Рајнланд-Пфалц ја однесоа и првата жртва во градот Сарбрикен.

Поплавен градскиот автопат А620 кој минува низ Сарбрикен, главниот град на германската покраина Сар
Поплавен градскиот автопат А620 кој минува низ Сарбрикен, главниот град на германската покраина СарФотографија: Laszlo Pinter/dpa/picture alliance

67-годишна жена е првата жртва во големите полави кои ги погодија германските сојузни покраини Сар и Рајнланд-Пфалц. Жената била удрена од возило за итни случаи за време на спасувачка мисија во Сарбрикен во петокот и починала од здобиените повреди во клиника во неделата вечерта, соопшти градот. „Длабоко сум погоден од оваа тажна вест“, рече градоначалникот Уве Конрад и зборуваше за „страшна трагедија“.

Во меѓувреме, ситуацијата во поплавениот регион привремено се смири: водостоите паднаа, во ноќта кон понеделникот немаше дополнителни операции, а во тек е и расчистување на теренот, соопшти во понеделник наутро портпаролот на центарот за итни состојби. Но, релаксацијата може да биде само краткотрајна. Метеоролозите предупредуваат на ново невреме и многу дожд во наредната недела.

Спасувачките операции траеја деноноќно во Сарбрикен: Загинатата жена била удрена токму од возило на спасувачките службиФотографија: Bernd März/IMAGO

Веќе во понеделник за краток временски период во Сар и Рајнланд-Пфалц е можен обилен дожд со 15 литри на квадратен метар, соопшти метеоролошката служба на Германија. „Ќе биде интересно во вторник“, изјави метеорологот Маркус Бозе во неделата во Офенбах. Тогаш повторно се очекуваат обилни врнежи од дожд, „кои според актуелните прогнози главно ќе го зафатат токму југозападот на земјата“.

Иако прогнозираните количества на дожд не се толку високи како во минатиот петок, кога за помалку од 24 часа на некои места паднаа и до 100 литри дожд на квадратен метар, и овојпат поголемиот дел од дождот се очекува да падне во рок од шест до дванаесет часа, рече Бозе. Ако Сар и Рајнланд-Пфалц повторно се во фокусот на врнежите, таму повторно мора да се очекуваат покачување на нивото на водата и евентуални поплави.

„Поплава на векот“ во германската покраина СарФотографија: Laszlo Pinter/dpa/picture alliance

Огромните количества дожд веќе предизвикаа поплави, лизгање на земјиштето и поплавени улици и подруми во Сар и Рајнланд-Пфалц во петокот и во саботата навечер. Ситуацијата првично се смири претпладнето во неделата, но подоцна во текот на денот повторно имаше силен дожд, кој предизвика нови поплави и лизгање на земјиштето во градот Кирн во Рајнланд-Пфалц.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми