1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КатастрофиГрција

Поплави во Грција: Спасувачите во трка со времето

СН/агенции
8 септември 2023

Бурата „Даниел“ опустоши цели области на земјата. На некои места падна повеќе дожд од кога било досега од почетокот на мерењата во 1955 година. Бројот на загинати во катастрофалните поплави се искачи на шест.

Грчки војници евакуираат мештани од Паламас, во централна Грција
Грчки војници евакуираат мештани од Паламас, во централна ГрцијаФотографија: Giorgos Moutafis/REUTERS

Спасувачката работа трескавично продолжува во поплавените области во централна Грција. Во четвртокот вечерта беа пронајдени уште две загинати лица, соопштија од противпожарната служба. Со тоа бројот на загинати во катастрофалните поплави се искачи на шест.

Уште шест лица се водат како исчезнати во подрачјата поплавени во налетот на бурата „Даниел“ која ја погоди централна Грција со  обилни врнежи од дожд кои предизвикаа поплави и одрони, а уништени се и патишта и мостови.

Разурнат мост од катастрофалните поплави кај селото Кала Нера во близина на градот ВолосФотографија: Stamos Prousalis/REUTERS

Спасувачки операции цела ноќ

Утрината продолжи воздушната акција за спасување на луѓето заробени во селата во областа Кардица, откако невремето „Даниел“ предизвика страшни поплави во Грција. Во денешната операција учествува и хеликоптер „Шинук“, кој непрекинато лета до и од селото Влохос, од каде вчера имаше драматични повици за спадување.

Поројни дождови и големи поплави во Грција

01:00

This browser does not support the video element.

Како што информираат од Противпожарната служба, од вторникот утрината извршени се вкупно 1.881 спасување - евакуација на лица, кои се пренесени на безбедни места, а 110 вклучуваа и воздушно спасување во поплавените села Кардица и Трикала. Спасувачките операции не престанаа во текот на ноќта, додека со првото светло на денот започнаа летовите со хеликоптер за спасување од воздух. 

Поплавените полиња околу селото Кардица во регионот ТесалијаФотографија: Antonis Nikolopoulos/XinHua/dpa/picture alliance

Градот Волос и областа Пелион во Тесалија се најпогодените области.

Мицотакис во посета на поплавените подрачја

Како што изјави денеска наутро регионалниот гувернер на Тесалија, Костас Агорастос, најголемиот товар за спасување денеска ќе падне на осум села во Кардица, каде се заробени луѓе кои избегале на покривите на куќите и на повисоки места за да се спасат.

Грчки пожарникар евакуира постара жена во ЛарисаФотографија: Louisa Gouliamaki/REUTERS

Премиерот Кирјакос Мицотакис го одложи годишниот говор за економската политика закажан за овој викенд и наместо тоа ќе ги посети поплавените области кои од понеделникот беа погодени од силен дожд.

„Апсолутен приоритет на државниот механизам во моментов е спасување и евакуација на луѓето од погодените области“, рече владиниот портпарол Павлос Маринакис на брифинг за новинарите.

Автомобили заглавени на мостсреде поплавените подрачја кај селото ФламулиФотографија: Stamos Prousalis/REUTERS

Маринакис најави дека Мицотакис во средината на наредната недела ќе одржи говор за економската политика.

 

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Покажи повеќе написи
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми