1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Поплави во Италија и Хрватска

ЕМФ | агенции | АРД
17 мај 2023

По големото невреме во Италија дојде до поплави, во кои животот го загубија две лица, а повеќемина се водат како исчезнати. Евакуирани се околу 900 луѓе. Реките се излеаја и во делови од Хрватска.

Поплави во регионот Емилија-Ромања, Италија
Поплави во регионот Емилија-Ромања, ИталијаФотографија: Italy Photo Press/IMAGO

Обилни дождови предизвикаа поплави во делови од италијанските региони Емилија Ромања и Марке. Агенцијата Анса јави за две жртви и повеќе исчезнати лица. Во некои области на брегот на Јадранот, луѓето мораа да бидат евакуирани бидејќи поради силниот дожд реките се излеаја од коритата или барем се закануваше опасност да се излеат. Според Анса, околу 900 луѓе се префрлени на безбедно.

Во градот Сенигалија, во близина на Анкона, мораше да биде евакуирана итната помош на болницата. Италијанската противпожарна служба пријави и паднати дрвја, одрони и спасување на возачи кои се нашле во опасност од невремето. Досега, службите за итни случаи имале околу 600 акции, се вели во соопштението на противпожарната служба.

Поплави има главно во реонот на реката Савио, каде луѓе чекале спас качени на покривите. Тие се спасени со хеликоптер. Во регионот се затворени и дел од железничките линии. Во некои места, во знак на претпазливост, се затворени и училиштата.

Ситуацијата со реката Савио пред да бидат затворени мостовитеФотографија: Alessandro Mazza/Fotogramma/IPA/abaca/picture alliance

Поради силните ветрови и опасноста од високи бранови, општините на Јадранот издадоа забрана за пристап до нивните плажи.

Поплави во регионот Емилија-Ромања, ИталијаФотографија: Italy Photo Press/IMAGO

Од невремето е погодена и провинцијата Пезаро Урбино, во регионот Марке. Од таму доаѓаат информации за паднати дрвја и одрони од кал.

Расчистен падокот на Формула 1

Силното невреме ги забави и подготовките за трката на Формула 1 во Имола. Од безбедносни причини, италијанската Цивилна заштита нареди да се исчисти падокот на тркачката патека во Имола. Според медиумски извештаи, постои опасност од излевање на блиската река Сантерно. Поради тоа, персоналот на тимовите на Формула 1, кој беше зафатен со градежни работи во боксот и во падокот, мораше да ја напушти патеката.

Досега, сепак, нема поплави на тркачката патека. Како што се вели, Големата награда на Емилија-Ромања, за која тренинзите започнуваат во петок, во моментов не е во опасност.

Каналот Равоне во Болоња се излеа по третпат за 15 денаФотографија: Sergio Agazzi/IPA/abaca/picture alliance

Највисоко ниво на предупредување

Службата за цивилна заштита уште во понеделникот (15.05) издаде предупредување од највисок степен од поплави и лизгање на земјиштето за регионот Емилија-Ромања. Жителите на некои провинции беа замолени да избегнуваат непотребни патувања и ако е можно да работат од дома. Во регионот во северна Италија имаше обилни врнежи уште на почетокот на мај, а реките се излеаја од коритата. Неколку лица го загубија животот. Метеоролозите предвидуваат дека обилните врнежи во Италија ќе продолжат уште неколку дена.

Поплави и во Хрватска

По повеќедневните дождови, поплавите предизвикаа штети и во делови од Хрватска. Водата на улиците на Костајница, место на 90 километри јужно од Загреб, е до колена, објави порталот „јутарњи.хр“.

Во делови од Хрватска е прогласена вонредна состојба (фото: Обровац)Фотографија: Sime Zelic/PIXSELL/picture alliance

Како последица на дождовите во изминатите неколку дена дојде до излевање на Уна, која е притока на реката Сава. Службата за цивилна заштита и волонтерите изградија брани со вреќи со песок. Властите во Костајница прогласија вонредна состојба.

Поплавен регион по излевањето на реката Уна, кај КостајницаФотографија: Igor Soban/PIXSELL/picture alliance

Поплави имаше во малиот град Обровац, кај Задар. Старото градско јадро таму беше поплавено уште во понеделникот откако реката Зрмања се излеа од коритото.

Обровац, Хрватска, 15.05.2023Фотографија: Radio DalmacijaREUTERS

Во следните неколку дена се предвидуваат нови врнежи од дожд.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми