1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КатастрофиСловенија

Како функционира ЕУ-центарот за интервенции при катастрофи

Рози Бирхард
8 август 2023

Поплавите, шумските пожари во земјите од ЕУ, како и Ковид-19 се тест за механизмите за брза интервенција на Унијата. Како функционира европската цивилна заштита?

Координативниот центар за одговор при итни случаи на ЕУ работи 24/7 во Брисел
Координативниот центар за одговор при итни случаи на ЕУ работи 24/7 во БриселФотографија: EU

Поплави во Словенија, пожари во Италија и во Грција и невидени горештини во Шпанија: сведоци сме на лето со екстремни временски појави во Европа.

Сместена во сивите улици на Брисел, центарот за координација на интервенции во случај на катастрофи 24/7 беше во акција. Од таму се координираа итните служби на земјите членки, распоредувањето на спасувачки тимови и опрема и се правеа модели за д се предвиди следната природна катастрофа.

Еврокомесарот за менаџирање на кризи Јанез Ленарчиќ неделава соопшти дека Германија и Франција испраќаат мостови, машинерија за ископување и тимови инжињери во Словенија по полавите додека Грција испраќа канадери во Кипар да помогнат во гаснењето на пожарите.

Минатата недела тој соопшти дека девет европски земји се мониторираат заради “екстремен” ризик од пожари, пет се соочуваат со аларм за поплави и во две има црвен аларм за високи температури или дождови.

Бројот на спасувачки операции се зголемува. Во 2018 година центарот на ЕУ одговорил на 20 барања за помош, додека нивниот број во 2022 година изнесувал веќе 230. Зад тоа стои пандемијата со Ковид-19, војната во Украина и природни катастрофи како шумски пожари и поплави.

Словенија е погодена од најкатастрофалните поплави во историјатаФотографија: Ales Beno/AA/picture alliance

Како функционира европската цивилна заштита?

Ленарчиќ има супервизија над Механизмот за цивилна заштита, хаб основан во 2001 година со цел да им помогне на членките да направат пул со ресурси за во случај на нужда и на тој начин да ги зголемат поединечните капацитети за справување со природни катастрофи или предизвикани од човечка рака.

Кога и некоја земја членка да се соочи со винредна состојба, може да го активира механизмот за кризи и да ја добие опремата или експертизата што е потребна. Потоа други земји може да понудат помош, а Брисел координира и помага таа да се финансира.

Сите 27 земји членки на ЕУ и девет соседни вклучително и Турција, Украина и Норвешка придонесуваат во тој пул, но помош може да побараат и поодалечени нации. Порано годинава Канада побара европски пожарникари за шумските пожари, додека тимови за прочистување на водата и доктори беа испратени во Пакистан кога се соочуваше со катастрофални поплави.

Стратепки резерви: од шатори до средства за нуклеарна деконтаминација

Пандемијата беше будење за Унијата - владите се најдоа во кусок од вентилатори и маски и неподготвени за потребата од простории за масовно тестирање, како и преполнетите болнички капацитети.

Прекинот во авионските линии и затворањето на границите значеше дека многу од каналите кои Европа вообичаено ги користи за дотур на опрема - пред сѐ од Кина - беа блокирани или процесот се одвиваше забавено.

Родос гори, илјадници луѓе се евакуираат

00:41

This browser does not support the video element.

За да се избегне повторување Брисел почна да полни резерви медицинска опрема за цела ЕУ во 2020 година откако поголеми медицински резерви беа обезбедени годината пред тоа.

Унијата сега веќе има резерви од медицински заштитни сетови до мобилни теренски болници. Резервите се чуваат на бројни локации, аво нив се вклучени и хеликоптери, канадери, шатори и генератори за струја.

По инвазијата на Русија во Украина во 2022 година, Брисел ги засили напорите за обезбедување резерви на средства за нуклеарна деконтаминација и таблети јод.

Плановите за канадери на ЕУ бавно напредуваат

Но, листата со желби за резерви е долга и сѐ потешко се пополнува, особено откако на континентот сѐ повеќе се чувствува влијанието од затоплувањето на климата.

Според податоци на ЕУ, од пожарите годинава уништена е површина од околу 260 илјди хектари во ЕУ што предизвикало „масовни економски и штети на животната средина”.

Се очекува дека пламените јазли ќе прават уште поголема штета во претстојните години, па така Брисел планира 12 нови авиони за централно финансирана ЕУ флота, прва од ваков тип.

Но, тие авиони нема да бидат веднаш достапни. Портпаролката на ЕК, Миријам Гарсија Ферер, појасни дека за тоа е потребно време затоа што глобалното производство на некои типови противпожарни авиони било паузирано. „Понудата на пазарот за противпожарни авиони од средна големина какви што ни се потребни за да се справиме со сериозните предизвици кои ги имаме, е многу ограничена”, изјави Ферер минатиот месец и додаде дека според актуелните планиви дополнителните авиони ќе бидат расположливи дури во 2027 година.

Граници на соработката во случај на катастрофи

Ленарчиќ во една своја онлајн објава напиша “ЕУ солидарност во најдоброто издание” фалејќи ги пожарникарите, инжењерите и медицинските тимови кои беа распоредени надвор од нивните матични земји во изминатите неколку недели.

Но, и солидарноста има граници затоа што механизмот за цивилна заштита во ЕУ е на волонтерска база. Членките може да помогнат на друга земја и често го прават тоа, но не се обврзани.

ЕУ нема правна основа да носи одлуки за тоа на кој начин ќе се реагира во случај на нужда и на Унијата ù е потребно зелено светло од земјите членки за набавката на резерви за вонредни состојби.

За тоа да се смени би требало да се менуваат основачките договори на ЕУ, нешто што националните влади генерално го третираат критички од страв да се пренесат дополнителни ингеренции на Брисел.

Минатата година Ленарчиќ сугерираше Унијата да размисли околу тоа дека “од една страна го имаме Договорот за ЕУ, но од друга страна и растечко чувство дека повеќе Европа е потребна во областа на цивилна заштита”, како што рече за магазинот „Политико”.

„Кога и ако се донесе одлука за измена на Договорот, сигурен сум дека дел од дебатата ќе биде како да се зајакнат капацитетите за справување со  катастрофи, вклучително и капацитетите за носење одлуки на европско ниво, кои сега ги немаме”, заклучи тој.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми