1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПатувањеГерманија

Поради дрон, привремено затворен аеродромот во Берлин

СН/агенции | дпа
1 ноември 2025

Во петокот вечерта на аеродромот Берлин Бранденбург беше забележан дрон. Полетувањата и слетувањата привремено беа суспендирани. Во меѓувреме, сите операции на аеродромот се одвиваат нормално.

На фасадата на зградата на аеродромот БЕР може да се прочита натписот „Аеродром Берлин Бранденбург“.
Воздушниот сообраќај на аеродромот Берлин -Бранденбург денеска се одвива нормалноФотографија: Soeren Stache/dpa/picture alliance

По привременото затворање поради забележување дрон во петокот вечерта (31.10.2025), главниот аеродром воБерлин,БЕР, денеска ги продолжи редовните операции. Повеќе нема никакви пречки, изјави портпаролот на аеродромот за германската новинска агенција ДПА.

Летањето вечерта беше суспендирано речиси два часа. Одреден број летови беа пренасочени. Според портпаролот на аеродромот, летовите биле суспендирани помеѓу 20 часот и малку пред 22 часот. Неколку авиони кои требале да слетаат на БЕР мораа да бидат пренасочени - четири авиони слетаа во Дрезден, четири во Лајпциг и три на аеродромот во Хамбург. Според распоредот на летови на веб-страницата на БЕР, летовите од Стокхолм, Анталија и од Хелсинки, меѓу другите, беа засегнати.

За да се компензираат доцнењата, на авионите им беше дозволено да полетуваат до 2 часот наутро и да слетуваат во текот на ноќта. Пет авиони кои полетаа ја искористија оваа исклучителна дозвола. Операциите на копно, во меѓувреме, не беа ограничени. 

Фотографија: Angelika Warmuth/REUTERS

Дроновите во воздухот претставуваат голем безбедносен ризик, особено околу аеродромите. На почетокот на октомври,дроновисо непознато потекло ги попречија летовите на вториот по големина аеродром воГерманија,Минхен. Бројот на прекини предизвикани од вакви летала со непознато потекло се зголемува.

Во својот тековен извештај, германската контрола на воздушниот сообраќај регистрираше пет прекини поради летови со дронови годинава. Минатата година имаше 20, а во 2023 година повеќе од 15.

Дроновите се забранети во близина на аеродромите, во радиус од 1,5 километри, бидејќи можат да го загрозат полетувањето и слетувањето. Делумно или целосно прекинување на полетувањето и летањето е неопходно кога се забележи дрон. Овие забранети летови со дронови, како опасно мешање во воздушниот сообраќај, можат строго да се казнат.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми