1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаСоединети Американски Држави

Пентагон сака да им плати на војниците со донации

ЕМФ / дпа
25 октомври 2025

Поради т.н. „шатдаун“, и војниците во САД чекаат плата. Пентагон сега потврди дека прифатил анонимна, приватна донација од 130 милиони долари за оваа намена.

Припадници на Националната гарда на САД поздравуваат во став мирно
Навремена исплата на платите на војниците со пари од приватна донација?Фотографија: Julia Demaree Nikhinson/AP Photo/dpa/picture alliance

Пентагон потврди дека прифатил анонимна донација од повеќе милиони долари за да се придонесе за навремена исплата на платите на војниците за време на актуелниот „шатдаун“. Министерството за одбрана на САД, кое сега владата го нарекува Воено министерство, во четвртокот (23.10) ја прифати донацијата од 130 милиони долари (околу 112 милиони евра) и за такво нешто има и овластување, изјави портпарол на Пентагон.

Буџетот на американската армија обично се финансира од јавни средства. Поради тоа, плаќањето на војниците со приватни донации би било невообичаено, а според критичарите, можеби дури и нелегално. Донацијата и онака тешко ќе ги покрие сите трошоци за плати, кои, како што објави порталот „Политико“, повикувајќи се на владини претставници, само во првата половина од овој месец изнесуваат приближно 6,5 милијарди долари.

Трамп го нарекува донаторот - пријател и патриот

Претседателот на САД, Доналд Трамп, во четвртокот изјави дека пријател го информирал оти сака лично да покрие финансиски дефицит предизвикан од т.н. „шатдаун“. Трамп не го идентификуваше донаторот, кого го нарече „патриот“. Тој повторно ги обвини демократите за „шатдаунот“, кој трае повеќе од три недели и е веќе втор најдолг во историјата на САД.

Демократите и републиканците продолжуваат да се обвинуваат меѓусебно за блокадата и во Конгресот досега не успеаја да се договорат за преоден буџет. И покрај нивното мнозинство во двата дома на парламентот, Републиканците се упатени на гласови на Демократите за да го усвојат буџетот.

Поради „шатдаунот“, бројни федерални агенции во моментов работат ограничено и извршуваат само основни задачи. Според владини наводи, многу вработени не добиваат плата.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми