1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаГлобално

СИПРИ: Се зголемува значењето на нуклеарното оружје

ЕМФ | агенции
17 јуни 2024

Зголемувањето на геополитичките тензии во светот загрижувачки го зголемува значењето на нуклеарното оружје, се вели во новата студија на СИПРИ.

нуклеарно оружје
Иако вкупниот број на нуклеарни боеви глави продолжува да се намалува, бројот на „нуклеарни боеви глави подготвени за употреба“ се зголемува секоја годинаФотографија: Getty Images/AFP/F. Naeem

Деветте нуклеарни сили во светот „дополнително ги модернизираат своите арсенали за нуклеарно оружје“, се вели во најновиот извештај на Стокхолмскиот меѓународен институт за истражување на мирот (СИПРИ) објавен денеска (17.06). Неколку од земјите кои поседуваат нуклеарно оружје минатата година „ставиле во функција нови системи со нуклеарно вооружување или системи кои се способни да носат нуклеарно вооружување“.

 „Од Студената војна нуклеарното оружје не играло толку истакната улога во меѓународните односи како сега“, објаснува експертот за СИПРИ, Вилфред Ван. Во јануари, според СИПРИ, нуклеарните сили во своите магацини во состојба на подготвеност имале околу 9.600 од 12.100 нуклеарни боеви глави, од кои околу 2.100 биле во состојба на „висока готовност“.

Речиси сите овие боеви глави се во сопственост на САД и Русија, кои заедно располагаат со речиси 90 отсто од целото нуклеарно оружје во светот. За првпат оваа година, веројатно и Кина држи некои нуклеарни боеви глави во состојба на „висока готовност“, стои во извештајот на СИПРИ. Останатите нуклеарни сили се Франција, Индија, Кина, Израел, Велика Британија, Пакистан и Северна Кореја.

Иако вкупниот број на нуклеарни боеви глави продолжува да се намалува, бројот на „нуклеарни боеви глави подготвени за употреба“ се зголемува секоја година, објаснува директорот на СИПРИ, Ден Смит. Овој развој најверојатно дополнително ќе се забрза во наредните години, што е „исклучително загрижувачко“: „Во моментов живееме во едно од најопасните времиња во човечката историја“, нагласува Смит. „Време е големите сили да направат чекор назад и да размислат, најдобро би било - заедно“.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми