1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КатастрофиГрција

Поројни дождови и големи поплави во Грција

01:00

This browser does not support the video element.

Јулијан Клауди
6 септември 2023

Грција е погодена од силно невреме, кое донесе големи поплави. За денеска се најавуваат повторно силни дождови, грмотевици и ветер. Властите ги молат граѓаните да не излегуваат од своите домови.

Бурата „Даниел“ го зафати западниот и централниот дел на Грција. Службите за итни случаи примаат стотици повици за помош. Полицијата забрани сообраќај во градот Волос и блискиот планински регион Пилион. 

Ахилеас Беос, градоначалник на Волос, апелира: 

„Ве молиме, останете дома. Погледнете што се случува, не треба да се случи да жалиме за загубени животи. Нема причина да се движите наоколу! Останете во вашите домови за да можеме да оперираме на терен.“

Властите испратија предупредувања на мобилни телефони во неколку области во централна Грција, предупредувајќи ги луѓето да го ограничат своето движење на отворено. Поројниот дожд доаѓа по смртоносните шумски пожари на северот на земјата кои гореа со недели.


 

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми