1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ЕкономијаПортугалија

Португалија – водечки европски производител на велосипеди

Јохен Фагет
15 октомври 2022

Португалија се разви во најголем европски производител на велосипеди, надминувајќи ја конкуренцијата на многу поголемите Германија и Италија. Тајната лежи во комбинација од традиција, ноу - хау и ниски плати.

Portugal Mobilität l Fahrrad Unternehmen - Produktion von Incycles
Фотографија: Jochen Faget

Велосипеди со рамка од бамбус и супер лесни тркачки велосипеди со карбонска рамка и со најлесно седиште на светот од само 35 грама, но и најнормални велосипеди за секојдневие: сето тоа се производи од Португалија, земја која во последните години се искачи на позицијата најголем производител на велосипеди во Европа.

„Ние во 2021 година извезовме  велосипеди и опрема во вредност од 600 милиони евра, а годинава ќе бидат и повеќе“, вели Гил Надаис, генерален секретар на португалското Здружение на производители на велосипеди, „Абимота.“

Пред Италија и Германија

Од 2020 година Португалија, чие име не асоцира веднаш на велосипеди, во меѓувреме стана најголем производител на велосипеди во Европа, а предноста пред конкурентите од Италија и Германија во иднина би можела и значително да се зголеми. „Солиден ноу - хау, иновативност, квалитетна и поволна работна сила и флексибилност: тоа се главните причини за изненадувачкиот успех на португалската велосипедска индустрија“, вели Надаис.

Гил Надаис, генерален секретар на португалското Здружение на производители на велосипеди, „Абимота“Фотографија: Jochen Faget

Филипе Мота, директор на велосипедскиот производител „Инсајклс“ од централнопортугалското гратче Анадиа е еден од носителите на овој успех. Но, дури и тој е изненаден од овој подем на Португалија. Од 2009 година бројот на вработени во неговото претпријатие се зголемил од 40 на 300, оваа година ќе произведат 250.000 велосипеди во вредност од 80 милиони евра.

Со велосипеди на највисоките светски врвови

04:52

This browser does not support the video element.

Во производните хали во гратчето Анадиа, кое во меѓувреме го бие глас на велосипедска метропола на Португалија, работат работници кои месечно заработуваат меѓу 800 и 1.000 евра, многу помалку од нивните колеги во Германија. Поради ситните делови во овие производни фази, роботите уште не доаѓаат предвид, а големо внимание се обрнува на квалитетот.

„Секој работник го контролира она што го направил работникот пред него“, објаснува Филипе Мота. 

Велосипеди за други марки

На една од производните линии се склопуваат  велосипеди за изнајмување  за компанијата Лајм. „90 проценти од нашето производство отпаѓа на меѓународни брендови, околу десет проценти се велосипеди со наше лого, кои во меѓувреме може да се купат и низ светот“, вели Мота.

Филипе Мота, директор на велосипедскиот производител „Инсајклс“Фотографија: Jochen Faget

Таков е случајот и со останатите португалски производители на велосипеди. „Најважно е производството за други, меѓународни марки“, вели Надаис од здружението „Абимото“, кое во меѓувреме застапува интереси на преку 240.000 вработени во велосипедската индустрија на Португалија.

Се предвидува натамошен годишен раст од 30 проценти и тоа благодарејќи на големата побарувачка за електрични велосипеди.

Водство и во секторот за велосипедска опрема

И во сѐ повносниот сектор за велосипедска опрема, многу компоненти доаѓаат од Португалија. „Многу седишта за деца, рамки и карбонски вилушки, седишта или опрема за товарни велосипеди доаѓаат од Португалија, без купувачите да се свесни за тоа“, гордо вели Надаис.

Филипе Мота ја доживеал трамсформацијата на португалската велосипедска индустрија. Времињата на гломазни и едноставно составени превозни средства на две тркала се минато. „Денес произведуваме сѐ: од велосипеди за 199 до 12.000 евра“, истакнува Мота. Гратчето Анадиа наскоро би можело да стане велосипедска метропола не само на Португалија, туку и на цела Европа.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми