1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Поскапуваат нарачките од Али експрес и Тему

18 ноември 2025

Собранието изгласа законски измени: 18% ДДВ и за нарачки до 22 евра од Али експрес, Тему и други странски продавници.

Пратки од Тему, 8.2.2024
Зошто се воведува ДДВ за малите пратки?Фотографија: Philippe Turpin/Photononstop/picture alliance

Собранието ги изгласа законските измени со кои се воведува 18% ДДВ за пратки до 22 евра од странски онлајн продавници како Тему, Шиин и Али експрес. До сега овие пратки беа ослободени од давачки. За измените гласаа 56 пратеници, а 12 беа против. Ова значи дека сите нарачки до 22 евра ќе поскапат, бидејќи досега не се оданочуваа.

Зошто се воведува ДДВ за малите пратки?

Заменик-министерот за финансии Николче Јанкуловски изјави дека целта е заштита на малите трговци во земјата и спречување на злоупотреби. „Основна причина за измената е создавање појасна правна рамка и пофер положба на домашните бизниси во однос на странските“, рече тој.

Оваа мерка е во согласност со европските практики – Европската Унија уште од 1 јули 2021 година го укина ослободувањето од ДДВ за мали пратки. Слични мерки веќе се применуваат во Србија и Црна Гора, а во Албанија се во процедура.

Колку се зголеми онлајн пазарувањето?

Според Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТМ), во првата половина од 2025 година вредноста на трансакциите кон е-продавници изнесува 456,3 милиони евра – пораст од 34,3% во однос на истиот период лани. Само минатата година над 1.000 тони ситни производи влегле во Македонија без да бидат оданочени.

Кога стапува на сила законот?

Законот предвидува ослободување од ДДВ само за мали пратки од некомерцијална вредност, испратени од физичко лице на физичко лице, до 22 евра. Исклучок се алкохол, парфеми, тутун и нивни преработки. Измените ќе стапат на сила осмиот ден од објавувањето во „Службен весник“.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми