1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КатастрофиСоединети Американски Држави

Потрага по подморницата „Титан“: Звук на тропање под водата

ЖА / агенции
21 јуни 2023

Во потрагата по исчезнатата подморница во Северен Атлантик, сонарни апарати на канадски авион регистрирале „силно тропање“ под водата. Резервите на кислород на патниците ќе траат уште до петок

подморница „Титан“  „Титаник“
Потрагата по малата подморница „Титан“ која се нурнала кон потонатиот „Титаник“ досега е безуспешнаФотографија: OceanGate Expeditions/REUTERS

Канадски авион кој учествува во потрагата по исчезнатата мини-подморница наречена „Титан“, во вторникот регистрирал звуци на силно тропање под водата кои се повторуваат секои 30 минути во областа која се пребарува. Магазинот „Ролинг стоун“ ги цитираше овие наводи повикувајќи се на имеил испратен до Министерството за внатрешни работи на САД. „Четири часа подоцна беше вклучен втор сонарен апарат и ударите повторно беа чујни“, се вели во имеилот. 

Американската крајбрежна стража потврди дека во областа каде се одвива потрагата се регистрирани „подводни звуци“. По информациите добиени од канадскиот авион, „возилата управувани од далечина се пренасочени заради испитување на изворот на звуците. Возилата пријавиле негативни резултати по пребарувањето, но тие продолжуваат да работат“, објави американската крајбрежна стража на Твитер.

Внатрешноста на подморницата „Титан“ во која има место за пет патници (архивска фотографија)Фотографија: American Photo Archive/Alamy/dpa/picture alliance

Мини-подморницата „Титан“ на тур-операторот ОушнГејт Експедишанс во неделата тргна во туристичка подводна обиколка на потонатиот брод „Титаник“, но по само два часа контактот со придружниот матичен брод „Полар принц“ бил прекинат и оттогаш нема никаква трага од петте патници.

Исчезнатата подморница има кислород за 96 часа

02:04

This browser does not support the video element.

Итната потрага која е организирана во водата и од воздух досега остана безуспешна, а времето истекува: патниците во мини-подморницата имаат резерви на кислород за помалку од уште два дена. Операторот соопшти дека подморницата има систем за одржување на живот на петте лица во неа од вкупно 96 часа.

Остатоците на потонатиот, некогаш најголем брод во светот, „Титаник“, се наоѓаат на дното на Атлантикот на длабочина од околу 4.000 метри во меѓународни води. Областа која се пребарува во потрага по исчезнатата подморница изнесува околу 20.000 квадратни километри и се наоѓа на околу 650 километри од канадскиот брег.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми