1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КатастрофиЕвропа

Три лица извлечени живи од урнатините по 198 часа

БГ /РТР
14 февруари 2023

Гаснат надежите дека под урнатините во Сирија и Турција ќе се пронајдат нови преживеани, иако денеска беа извлечени три лица. Фокусот на напорите сега се пренасочува кон обезбедување сместување, храна и вода.

Антакија Турција
Урнати куќи во Антакија, ТурцијаФотографија: Hussein Malla/AP Photo/picture alliance

Едно 18-годишно момче и двајца браќа на возраст од 17 и 21 година, се последните преживеани извлечени во вторникот од под урнатините кои ги остави катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија. Од разорниот потрес минаа повеќе од 198 часа и фокусот на напорите во двете земји полека се сели кон обезбедување сместување за стотиците илјади бездомни луѓе.

Спасувачките екипи работеа во текот на ноќта во обид да пронајдат уште преживеани. Но некои тимови полека ги намалуваат спасувачките операции откако ниските зимски температури ги стопија и онака ниските шанси за преживување.

Во разурнатиот сириски град Алепо, помошникот генерален секретар на ОН, Мартин Грифитс во понеделникот соопшти дека спасувачката фаза „завршува“, а фокусот ќе се насочи кон засолништа, храна и образование. 

Сирискиот претседател Башар ал-Асад се согласи да влезе поголема помош од ОН преку Турција, за да му се помогне на пограничниот северозападен регион кој досега не доби речиси никаква поддршка. 

Проценка на штетата 

Во јужниот турски град Антакија, механизацијата почна да ги урива тешко оштетените згради и да се чисти сметот од уништените објекти. Во градот се уште нема струја, а единствено видливи се сините ротациски светла на брзата помош. Во Турција досега е потврдена смртта на 31,643 луѓе; додека во Сирија загинаа најмалку 5,700 луѓе.

Првичната проценка е дека материјалната штета во Турција е околу 84 милијарди долари. Турскиот министер за урбанизам Мурат Курум вели дека 42,000 згради се уништени, треба да се урнат или се тешко оштетени во 10 градови. 

Расте гневот во Турција поради бавната помош

02:16

This browser does not support the video element.

Многу граѓани и спасувачи се гневни поради недостатокот на вода, храна, лекови и механизација во првите денови по земјотресот, а многумина се критични кон реакцијата на турските власти. 

„Луѓето не умреа поради земјотресот, туку поради тоа што претходно не беа преземени заштитни мерки“, вели Саид Кудси кој допатува од Истанбул во Кахраманмараш за да ги закопа своите чичко, тетка и нивните два сина, додека се уште трага по нивните две ќерки. 

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој се соочува со избори во јуни, ги призна проблемите при првичната реакција, но тврди дека оттогаш состојбата е под контрола. 

Земјотресот ја зголеми огорченост на некои Турци кон милионите сириски бегалци кои живеат во земјата. Сиријците велат дека се обвинувани за грабежи, бркани од засолништата и навредувани. 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми