1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Закон и правосудствоФранција

Потврдена пресудата против Саркози

ЕМФ / дпа
17 мај 2023

Апелацискиот суд во Париз денеска ја потврди пресудата против поранешниот претседател Никола Саркози. Тој се товари за поткуп и вршење недозволено влијание.

Никола Саркози
Никола СаркозиФотографија: Bertrand Guay/AFP/dpa/picture alliance

Апелацискиот суд во Париз ја потврди пресудата донесена од пониската судска инстанца, со која 68-годишниот Никола Саркози е осуден на три години затвор, од кои две условно. Едногодишниот затвор Саркози може да го одлежи дома, под електронски надзор. Сѐ уште не е јасно дали до тоа воопшто ќе дојде. Поранешниот француски претседател, имено, најави ревизија.

Судскиот процес за овој случај предизвика огромно внимание во Франција. Саркози е обвинет дека по својот мандат (2007-2012), во 2014 година, преку својот адвокат Тјери Херцог се обидел да поткупи обвинител во Врховниот суд, за да дојде до информации за истражната постапка која се водела против него. Политичарот, како што се тврди, му понудил на обвинителот Жилбер Азиберт поддршка при неговото конкурирање за работно место во Монако.

Случајот е познат во Франција како „Афера со прислушување“. За да му дојде на трага на Саркози, правосудството дало налог за прислушување на телефонските разговори помеѓу поранешниот француски претседател и неговиот адвокат Тјери Херцог. Во судскиот процес во првата инстанца, на казни затвор од по три години, од кои две условно, беа осудени и Херцог и Азиберт.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми