1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КриминалГерманија

Повеќе мртви и ранети во напад во Хамбург

БГ /дпа
9 март 2023

Непознат напаѓач застрелал повеќе луѓе во објект кој го користеле Јеховини сведоци во германскиот град Хамбург. Полицијата се уште не знае кој бил можниот мотив на напаѓачот.

Полиција Хамбург
Полиција го обезбедува местото на злосторството во ХамбургФотографија: Jonas Walzberg/dpa/picture alliance

Најмалку 7 луѓе се убиени, а осум ранети во напад врз собиралиште на верската група Јеховини сведоци во Хамбург, јави германскиот весник Билд. Официјално се уште нема потврда за бројот на жртви на нападот кој се случи во четвртокот вечерта околу 21 часот. 

Полиција го обезбедува местото на злосторството во ХамбургФотографија: Jonas Walzberg/dpa/picture alliance

Полицијата соопшти дека се уште не може да утврди мотив за нападот, ниту го знае точниот број на напаѓачите. Нејасно е и дали напаѓачот или напаѓачите побегнале од местото на злосторството или се меѓу жртвите.

Полицијата го блокираше целиот реон околу местото на нападот и ги повика граѓаните да не ги напуштаат своите домови.

Полиција го обезбедува местото на злосторството во ХамбургФотографија: Jonas Walzberg/dpa/picture alliance

„Сите жртви имаат прострелни рани“, изјави полициски портпарол. 

Агенцијата ДПА јави дека од објектот се изнесувале тела на загинатите. 

Местото околу нападот во меѓувреме го обезбедуваат голем број припадници на специјалните полициски единици, соопшти покраинскиот министер за внатрешни работи Анди Гроте.  

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми