1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КриминалАвстралија

Повеќе жртви во напад со нож во Сиднеј – напаѓачот е убиен

ЖА
13 април 2024

Напаѓач во саботата уби шест лица и повреди неколку други во фреквентен трговски центар во австралиската метропола Сиднеј. Полицијата не ја исклучи терористичката позадина на злосторството. Напаѓачот бил застрелан.

Повеќе жртви во напад со нож во Сидне
Повеќе жртви во напад со нож во СиднеФотографија: David Gray/AFP/Getty Images

По нападот во трговскиот центар, спасувачките екипи соопштија дека осум повредени лица биле пренесени во различни болници, меѓу кои и едно мало дете. „Сите имаат трауматски повреди“, се вели во него.

На снимката од надзорните камери се гледа како маж со долг нож ги прободува луѓето што лежат на земја во трговскиот центар. Сторителот носел џемпер од австралиската рагби лига. Според очевидци, во трговскиот центар, кој во саботата попладне (по локално време) бил полн со посетители, настанала паника, луѓето гонети од страв трчале за да се засолнат на безбедно. Полицијата избезумено се обидувала да ја обезбеди областа. Неколку луѓе се сокриле во продавници.

Полицијата која стигнала во трговскиот центар во Сиднеј го убила напаѓачотФотографија: David Gray/AFP/Getty Images

„Има пет жртви кои загинаа како резултат на нападот“, изјави првично за медиумите Ентони Кук од полицијата на Нов Јужен Велс. Подоцна бројот на жртвите се покачи. Мотивот на сторителот не е познат, но според Кук, не може да се исклучи „терористичка“ позадина. Идентитетот на сторителот сѐ уште не е јасен.

Премиерот Ентони Албанес изјави дека според досегашните сознанија се чини дека сторителот дејствувал сам. Злосторството „не може да се опише со зборови“, истакна премиерот кој на онлајн сервисот Х (поранешен Твитер) изрази сочувство до жртвите и роднините.

Луѓето бегале во паника од трговскиот центар во Сиднеј по нападотФотографија: David Gray/AFP/Getty Images

„Беше страшно, некои луѓе плачеа“, сведочи Пранјул Бокарија за новинската агенција АФП за нападот во трговскиот центар. Таа штотуку ја завршила работата и пазарела кога се случил нападот. Истрчала во продавница, се сокрила таму и со другите побегнала преку итен излез. Таа зборуваше за „хаос“ на местото на нападот, за луѓе кои избезумено трчаат и полиција насекаде.

Повеќе повредени се пренесени во болница Фотографија: David Gray/AFP/Getty Images

Рис Колменарес била на пат кон својата теретана кога видела „луѓе како трчаат и врескаат“. Луѓето викале дека некој е избоден. Потоа влетала во блиската продавница со уште десетина луѓе. „Нѐ однесоа долу (во соба) и ја затворија продавницата", опишува таа. „Страшно е, насекаде има мали деца и постари луѓе и луѓе во инвалидски колички."

Полицијата не исклучи терористичка позадина, а идентитетот на напаѓачот сѐ уште не е јасенФотографија: Steven Saphore/AP Photo/picture alliance

Бројни полициски и возила за итна помош поитале пред трговскиот комплекс и останале таму и по стемнувањето. Полицијата ја повика јавноста да ја избегнува областа.

Во Австралија досега немало напади со нож од ваков вид стапката на криминал во земјава е прилично ниска.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми