1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КриминалГерманија

Повеќемина повредени во напад во Дуизбург

ЕМФ / дпа
18 април 2023

Во напад во фитнес студио во Дуизбург вечерва се повредени повеќе лица. Мотивите за нападот засега не се познати.

Нападот се случил во фитнес студио во центарот на Дуизбург
Нападот се случил во фитнес студио во центарот на ДуизбургФотографија: Christoph Reichwein/dpa/picture alliance

Нападот, според полициски наводи, се случил во фитнес студио во старото градско јадро на Дуизбург. Портпарол на полицијата наведе дека има повеќемина повредени и дека граѓаните би требало да го избегнуваат тој дел од градот.

Во нападот има најмалку четири тешко повредени лицаФотографија: Justin Brosch/dpa/picture alliance

Во меѓувреме полицијата на Твитер напиша дека има најмалку четири тешко повредени лица. Засега нема официјални информации за бројот на напаѓачи, а не се познати ниту мотивите за нападот.

Полицијата засега не соопштува дали имало еден или повеќе напаѓачиФотографија: Christoph Reichwein/dpa/picture alliance

Весникот „Билд“ пишува дека полицијата поаѓа од претпоставка дека се работи за напад во кој напаѓачот или напаѓачите поради бес, психичко пореметување или незадоволство убиваат случајни жртви. Според информации на весникот, напаѓачот или напаѓачите се сѐ уште во бегство.

Радио-телевизијата ВДР јави дека станува збор за двајца напаѓачи кои напаѓале со нож посетители на фитнес студиото.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми