1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Повредени и заглавени граѓани по големото невреме во Скопје

БГ
30 август 2022

Скопје во вторникот беше зафатено од големо невреме проследено со пороен дожд и силен ветер. Невремето предизвика големи проблеми во сообраќајот, но и во домовите на граѓаните.

Невреме Скопје
Последици од невремето во СкопјеФотографија: Petr Stojanovski/DW

Повеќе автомобили останаа заглавени во поројниот дожд кој го зафати Скопје во вторникот попладне, а пожарникари и полициски екипи учествуваат во извлекувањето на граѓаните од возилата. Најголеми проблеми дождот предизвика на критичните точки на подвозниците кај хотелите Александар палас и Континентал, и кај стоковната куќа Мост. 

Невремето во Скопје уриваше покривиФотографија: Petr Stojanovski/DW

Од службата за итна медицинска помош за агенцијата Миа информираат дека добиле пријави за повредени граѓани, но оти засега не се евидентирани посериозни повреди. 

Невреме во СкопјеФотографија: Petr Stojanovski/DW

Едночасовното невреме кое го зафати регионот на Скопје во попладневните часови во вторникот поплави улици, паркинзи, подруми, гаражи... На повеќе места низ градот има информации за паднати покриви од згради, билборди, како и многу искршени дрвја кои паднале и врз автомобили. 

Голем број граѓани информираа за состојбата низ градот и за предизвиканите штети на социјалните мрежи.

Критична била и состојбата во гаражата на трговскиот центар Ист Гејт.

А поплаки имаше и на квалитетот на дел од станбените објекти во градот, откако на некои граѓани им се поплавиле становите со вода.

Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска вечерва свика и итна седница на Кризниот штаб на градот на која треба да се расправа за последиците од невремето.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми