1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КатастрофиАвганистан

Повторно тежок земјотрес во Авганистан

Кристијан Волф
11 октомври 2023

По разорните потреси во изминатите неколку дена, Авганистан повторно беше погоден од силен земјотрес.

Авганистан Херат | Штети од земјотресите
Штетите од земјотресите се големиФотографија: Kyodo/picture alliance

Западот на Авганистан повторно го потресе силен земјотрес. Според американската опсерваторија за земјотреси УСГС, потресот бил со јачина од 6,3 степени и се случил на околу 28 километри северозападно од градот Херат, на длабочина од десет километри. Државната новинска агенција Бахтар известува за големи штети, уништени куќи и најмалку 100 повредени. Канцеларијата на гувернерот на провинцијата Херат соопшти дека во некои области има „огромни загуби“.

По земјотресот во Херат (населбата Зинда Јан, 10.10.2023)Фотографија: ALI KHARA/REUTERS

За време на викендот, во повеќе земјотреси во Авганистан, според извештаите на медиумите, загинаа речиси 2.500 луѓе. Повеќе од 2.000 лица се повредени. Канцеларијата на ОН за итна помош OЦХA објави дека бројот на загинати досега е околу 1.300. Според ОН, најмалку единаесет села биле „стопроцентно“ уништени.

Авганистанско момче жали покрај гробот на неговото братче во Зенда Јан, во провинцијата ХератФотографија: Ebrahim Noroozi/AP/picture alliance

Погодени се многу луѓе

Херат се наоѓа во истоимената погранична провинција во близина на Иран и е втор по големина град во Авганистан. Таму живеат повеќе од половина милион луѓе. Во саботата (7.10), најмалку осум земјотреси го потресоа регионот за краток временски период. Службата за следење на земјотресите на САД соопшти дека тие биле со јачина од 4,6 до 6,3 степени. Потреси со јачина од 5,1 степени беа регистрирани во понеделникот.

Потрага по преживеани во провинцијата ХератФотографија: Mirwais Amir/AA/picture alliance

Во регионот каде што се спојуваат арапската, индиската и евроазиската плоча често има силни земјотреси. Во земјотрес во Авганистан минатата година загинаа повеќе од 1.000 луѓе. Многу куќи се направени само од глина, па затоа земјотресите често предизвикуваат големи штети.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми