1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиПалестински територии

Израел ги продолжува борбите против Хамас во Појасот Газа

ЖА
1 декември 2023

Израелската армија утрово ја продолжи воената операција против радикално исламистичкиот Хамас, обвинувајќи го за прекршување на договорениот прекин на огнот.

Продолжуваат борбите во Појасот Газа
Продолжуваат борбите во Појасот ГазаФотографија: Israel Defense Forces/REUTERS

Палестинската организација го прекршила прекинот на огнот и испалила ракети кон израелска територија, соопшти израелската армија, по што војската повторно ја започнала „борбата против терористичката организација во Појасот Газа“. Израелски борбени авиони нападнале цели во градот Газа. Новинари на новинската агенција АФП известија за воздушни и артилериски напади во северниот и во јужниот дел од Појасот Газа.

Во повеќе израелски населби во близина на Појасот Газа се огласиле сирените за тревога, околу еден пас по истекот на прекинот на огнот Израел според сопствени наводи пресретнал ракета испалена од Појасот Газа.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ги потврди целите на Израел против Хамас – ослободување на сите заложници и уништување на терористичката организација. Нетанјаху го обвини Хамас за прекршување на прекинот на огнот и дека спротивно на договореното, не ги ослободил сите женски заложници.

Извор близок до Хамас за АФП пак изјавил дека вооруженото крило на палестинската организација добило „наредба да ја продолжи борбата и да го брани Појасот Газа.“ Се јавува за тешки борби во делови од градот Газа.

Министерството за здравство во Појасот Газа, кое е под контрола на радикално исламистичкиот Хамас, по истокот на прекинот на огнот соопшти дека во воздушен напад врз градот Рафах загинале најмалку шест лица, а лекар од болницата Ахли-Араб во Газа јавил за две убиени деца.

Прекинот на огнот стапи во сила минатиот петок, а во текот на една недела во рамките на постигнатиот договор меѓу Израел и Хамас,  беа ослободени 80 од заложниците  од Израел кои беа киднапирани од палестинската организација и пренесени во Појасот Газа. За возврат, од израелските затвори беа пуштени 240 палестински затвореници. Покрај  израелски заложници,  надвор од договорот беа ослободени и 23 киднапирани граѓани на Тајланд, еден Филипинец и лице со двојно – руско и израелско државјанство.

Израелската влада претпоставува дека во Појасот Газа се наоѓаат уште околу 140 заложници, но меѓу нив малку жени и деца. 

На 7 октомври стотици  терористи од Хамас упаднаа во Израел,  извршувајќи свирепи убиства претежно на цивили и  земајќи околу 240 лица за заложници.  Според Израел, напаѓачите од Хамс убиле околу 1200 луѓе во Израел.

Како реакција, Израел со недели вршеше масивно бомбардирање на цели во Појасот Газа од воздух и од копно. Според Хамас, чии тврдења не можат да се проверат, од тогаш се убиени повеќе од 15.000 луѓе во палестинските области.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми