1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Истрели пред српскиот парламент, Вучиќ зборува за тероризам

ЕМФ | агенции
22 октомври 2025

Едно лице е рането во нога, а друго е уапсено во врска со инцидентот што се случи утрово пред српскиот парламент, пренесуваат српски медиуми. Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, зборува за терористички акт.

Главниот влез во Собранието на Србија
Министерството за внатрешни работи сѐ уште прооверува што се случило пред Собранието на Србија (фото: главниот влез во зградата на парламентот)Фотографија: Baloncici/Pond5/IMAGO

Во шаторска населба пред српскиот парламент, подигната во март од страна на поддржувачите на владата, изутринава, според српски провладини медиуми, е рането едно лице. Освен тоа, како што се вели, има и едно уапсено лице. Српското Министерство за внатрешни работи не може да ја потврди информацијата, објаснувајќи дека „сè уште проверуваат“ што се случило пред парламентот.

Наводно во нога е ранет маж кој се наоѓал во шатор и неговиот живот не е во опасност, а уапсен е 70-годишен маж кој наводно пукал, ги запалил шаторите и во огнот фрлил грст куршуми. Телевизијата Н1 јави дека ранетиот маж има 57 години и е во стабилна состојба.

На снимки што се шират на социјалните мрежи, може да се слушне дека по палење на шаторите дошло до рафален оган, што би можело да одговара на активирање на голема количина муниција во оган.

Вучиќ зборува за терористички акт

Српскиот претседател Александар Вучиќ инцидентот го нарече - терористички чин. На свеченост по повод потпишувањето на договор за доделување на средства за купување селски куќи, Вучиќ рече дека ќе мора да го напушти настанот поради „терористичкиот чин пред Собранието на Србија“ и додаде дека ќе мора „да се занимава со некои други работи во текот на денешниот ден“.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми