1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Пожар ја зафати галијата кај „Холидеј Ин“

ДТЗ
1 август 2023

Станува збор за една од галиите коишто се поставени во реката Вардар, а изминативе години беа или опожарени или поплавени. Бродот е напуштен и полн со смет.

Nord-Mazedonien Feuer im Schiff am Fluss Vardar, Skopje
Фотографија: Petr Stojanovski/DW

Пожар избувна во една од галиите на реката Вардар, која што подолг период е запуштена. Огнот избувнал околу 13 часот, прво во внатрешноста, по што се проширил кон предниот дел на бродот. По интервенција на скопските пожарникари, огнот набрзо е ставен под контрола. 

Станува збор за галијата која што е лоцирана во близина на хотелот „Холидеј Ин“ во центарот на Скопје. 

Станува збор за галијата која што е лоцирана во близина на хотелот „Холидеј Ин“ во центарот на СкопјеФотографија: Petr Stojanovski/DW

Се истражуваат причините за пожарот

Командирот на Противпожарната бригада на Град Скопје, Звонко Томевски во изјава за МИА вели дека пожарот е локализиран, но причините за неговото избувнување допрва ќе се утврдуваат. 

Пожарот е локализиран, но причините за неговото избувнување не се познатиФотографија: Petr Stojanovski/DW

„Засега причината е непозната, но нема довод на електрична енергија, а има поголема количина на смет, причината е најверојатно човечки фактор“, вели Томески.

Пожарникарите велат дека галијата била празна во моментот кога пристигнале и дека нема повредени, ниту загинати лица.

Галијата веќе подолго време е напуштена и е полна со сметФотографија: Petr Stojanovski/DW

Една од галиите поставени во коритото на реката Вардар во Скопје беше опожарена и во март годинава. Изминативе години тие често беа и поплавувани при поројни дождови, кои што доведуваа во излевање на реката Вардар. 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми