1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Пред 25 години: НАТО напади врз СР Југославија

04:19

This browser does not support the video element.

Астрид Бенелкен
24 март 2024

На 24 март 1999 година НАТО ги започна воздушните напади врз СР Југославија. Причина беше етничкото чистење кое тогашниот претседател Слободан Милошевиќ го спроведуваше врз Албанците на Косово. Постапи ли НАТО правилно?

24 март 1999: Југославија е бомбардирана од силите на НАТО. Тоа е прва војна на НАТО против суверена држава во неговата 50-годишна историја. Со ова НАТО сака да стави крај на насилните акции на тогашниот српски претседател Слободан Милошевиќ врз доминантно албанското население на Косово.

Но, како дојде до тука?

Од 1974 година, во рамките на Југославија има две автономни покраини: Војводина и Косово. Во Косово, Албанците сочинуваат 80 отсто од населението. Србите, пак, земјата ја сметаат за „лулка на српството“. Во 1989 година, Милошевиќ ја укина автономијата на Косово. Етничките тензии растат. Кој треба да го поседува Косово?

По децениски ненасилен отпор од страна на Албанците, во 1996 година се појави ОВК - паравоена организација која се бореше против српските репресалии. Српската војска возвраќа. Во летото 1998 година веќе имаше војна во Косово. 

Крваво насилство, во прв ред од српска страна. Странците се обидуваат да помогнат да се најде компромис со кој ќе се стави крај на војната.
Февруари 1999: САД, Франција, Велика Британија, Русија и Германија ги повикуваат завојуваните страни на преговори во Рамбује, кај Париз, со цел да издејствуваат ограничена автономија за Косово. По повеќе средби во Франција и последната посета на американскиот дипломат Ричард Холбрук на Белград, преговорите пропаѓаат. Југославија одби да го потпише договорот.

„Во тоа време подготвеноста на меѓународната заедница преговорите да продолжат на неодредено време беше мала, бидејќи во исто време имаше етничко чистење и имаше насилство на Косово. И веќе постоеше искуството од Босна за тоа како српската влада се обидуваше да создаде факти на терен преку тактики на застој. Имаше загриженост дека преговорите кои траат предолго и не ветуваат голем успех ќе значат дека нема да има решение и потоа ќе се соочат со уште повеќе жртви“, вели Флоријан Бибер, експерт за Балканот.  

За да се запре насилството врз Албанците НАТО започна со кампања на бомбардирање на 24 март 1999 година. За таканаречената „Операција сојузнички сили“ не постоеше мандат од ОН. Нападите траеја точно 78 дена. Во операциите загинаа меѓу 12 и 15 илјади луѓе, меѓу нив и најмалку 500 цивили.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми