1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиПалестински територии

Хамас подготвен за натамошни разговори за прекин на огнот

СН/агенции | АРД
12 јуни 2024

По предлогот на САД за прекин на огнот во Појасот Газа, во прв ред се очекуваше едно: реакцијата на Хамас. Сега исламистичката организација им предаде одговор на посредниците - со натамошни барања.

Предлогот за прекин на огнот од САД, поддржан од Советот за безбедност на ОН, предвидува окончување на борбите во Газа и ослободување на израелските заложници
Предлогот за прекин на огнот од САД, поддржан од Советот за безбедност на ОН, предвидува окончување на борбите во Газа и ослободување на израелските заложнициФотографија: Dawoud Abo Alkas/AA/picture alliance

Терористичките организации Хамас и Исламски џихад соопштија дека доставиле одговор на американскиот предлог за прекин на огнот во Појасот Газа. Одговорот „ги става интересите на нашиот палестински народ на прво место и ја нагласува потребата од целосно запирање на тековната агресија врз Појасот Газа“, се вели во заедничката изјава на радикалните исламистички групи.

Хамас и Исламскиот џихад соопштија дека се „подготвени да се ангажираат за да се постигне договор што ќе стави крај на оваа војна“. Високи претставници на Хамас претходно изјавија дека организацијата доставила официјален одговор до посредниците Египет и Катар. 

САД го разгледуваат одговорот на Хамас

Белата куќа соопшти дека го разгледува одговорот на Хамас на предлогот за прекин на огнот во Газа. „Го добивме одговорот што Хамас им го даде на Катар и Египет и во моментов го разгледуваме“, изјави портпаролот на Советот за национална безбедност Џон Кирби .

Џон Кирби, портпарол на Советот за национална безбедност на САДФотографија: Ken Cedeno/UPI/newscom/picture alliance

Одговорот се однесува на планот што го претстави американскиот претседател Џо Бајден на крајот на мај за „итен и целосен“ прекин на огнот меѓу Израел и исламистичкиот Хамас. Планот, меѓу другото, вклучува и повлекување на израелската армија од населените области на Појасот Газа и ослободување на заложниците, киднапирани во Израел од страна Хамас на 7 октомври 2023 година, во замена за палестински затвореници. Според предлогот, првично ќе има шестнеделен прекин на огнот, кој би можел да биде продолжен, доколку бидат успешни преговорите за трајно завршување на борбите.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми