1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПатувањеГерманија

Високите цени на керозинот може да погодат милиони патници

СН | АРД
9 мај 2026

Поради војната во Иран, цените на керозинот значително пораснаа. Затоа германските аеродроми очекуваат откажувања на летови во текот на летото: Во најлош случај би можеле да бидат погодени повеќе од 20 милиони патници.

Табла на аеродром на која се испишани летови кон разни дестинации, од кои повеќето се откажани.
Дали вакви сцени ќе бидат реалност на лето на германските аеродроми?Фотографија: Hannes P Albert/dpa/picture alliance

Германските аеродроми очекуваат, доколку цените на керозинот останат високи, во летниот период да има откажувања на летови што би можеле да погодат милиони патници. Во најлош случај, на некои аеродроми се заканува „пад на капацитетот од десет проценти“, изјави Ралф Бајзел, главен директор на Здружението на германските комерцијални аеродроми (АДВ), за весникот Велт ам Зонтаг. „Ако се пресмета за сите аеродроми, тоа би значело дека 20 милиони патници би биле засегнати“, нагласи тој.

„Постои страв дека особено кај нискобуџетните авиокомпании и туристички помалку важните дестинации ќе има дополнителни укинувања на летови“, рече директорот на АДВ. Некои дестинации тогаш воопшто нема да се опслужуваат, а други ќе се посетуваат поретко и со повисоки цени.

Авионско гориво од отпад

01:27

This browser does not support the video element.

Керозинот двојно поскап од пред војната во Иран

Поради војната во Иран, пораснаа и цените на керозинот. „Цените на керозинот веќе повеќе од два месеца се двојно повисоки отколку пред војната“, изјави Бајзел. Тој не очекува нормализација ни во наредните месеци. „Иако керозинот е достапен, авиокомпаниите нема да можат економски да реализираат многу летови по овие цени.“ Германската министерка за економија, Катарина Рајхе, минатиот месец изјави дека снабдувањето со керозин на земјата е обезбедено.

За ублажување на последиците од кризата со керозинот, аеродромите бараат државни олеснувања. „Краткорочно е потребно укинување на данокот за воздушен сообраќај, а среднорочно барем негово преполовување“, побара Бајзел.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми