1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаФранција

Франција: Опасно себеопреценување на Макрон

БЈ | АРД
10 јуни 2024

Тоа што претседателот на Франција по европскиот избори веднаш го распушти парламентот и распиша предвремени избори е показател дека има изгубено допир со реалноста.

Францускиот претседател Емануел Макрон беше казнет од гласачите на европските избори во Франција
Францускиот претседател Емануел Макрон беше казнет од гласачите на европските избори во ФранцијаФотографија: Stephane Lemouton/Bestimage/IMAGO

Ваквото „коцкање“ е тотално неодговорно! Емануел Макрон се обложува дека гласачите само малку си поиграле со огнот, дека едноставно сакале само да се испразнат. Тој игра на картата дека сега уплашени ќе си речат – воопшто немавме таква намера. Тоа е опасно за цела држава затоа што Макрон на десно-екстремните им отвора можност за неколку недели да имаат премиер и потоа во т.н. кохабитација (заб. на ред. соработка на претседателот со влада од друга политичка определба) да ја диктираат претседателската агенда.

Примамливи покани

Од каде му е на Макрон претставата дека оние кои го казнија на европските избори, ќе бидат подготвени на предвремените избори да обезбедат мнозинство за неговата партија? Тоа е индикатор за преценување и изгубен контакт со реалноста. Примамливите понуди од партијата Национално обединување (РН) гласачите да видат како ќе биде со нив, се гласни! Охрабрете се! Никогаш не сте виделе како е со нас. И не е само тоа – овие парламентарни избори би можеле да бидат катализатор за севкупниот десен спектар во Франција, да го прават она што до сега не им успеваше – да се обединат.

Марин Ле Пен и нејзината ултрадесничарска партија РН остварија убедлива победа на европските избори во ФранцијаФотографија: Andre Pain/EPA

Шефот на Конзервативците веќе најави дека по изборите во никој случај не е на располагање како партнер за Макрон оти таа партија е одговорна за широко распространетата несигурност и падот на куповната моќ кај луѓето. Обратно, тоа може да значи дека може да си замисли коалиција со РН.

Хорор сценарио за германско-француската соработка

Истото би можело да важи и за десно-националната партија Реконкет, која како приврзок на РН би добила неочекувана шанса да владее. Таква екстремно десна владина коалиција француското право би го ставила над европското, би воведувала социјални бенефиции само за француски семејства, би го довела Шенген просторот со еднострани контроли до апсурд, би го напуштила пакетот за миграција, би го откажала европскиот договор за регулирање на пазарот на струјата и јавни набавки би доделувала преферирано на француски компании. Сега преостанува само едно за да се сопрат националистите, оние кои во предизборната кампања беа игнорирани од Макрон, имено партиите од левиот спектар, да се здружат. По минатата изборна ноќ не е веќе Макрон штитот против екстремно десните, како што постојано тоа беше претставувано, туку обединетата Левица. Социјалисти, Зелени и лево-радикалната ЛФИ, сите тие мора да скокнат преку својата сенка и на гласачите да им понудат со една единствена лева листа вистинска алтернатива. Инаку ќе биде „добра ноќ Франција“.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми