1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиИзраел

Прекин на огнот меѓу Израел и Хамас веќе неделава?

ЕМФ | Тагесшау
14 јануари 2025

По 15 месеци војна во Газа, се множат информации за прекин на огнот кој би стапи во сила набрзо, како и за ослободување на заложниците.

Впјна во Газа I Ал-Маваси
Се множат знаци за прекин на огнот во Газа (архивска фотографија)Фотографија: Hatem Khaled/REUTERS

Во индиректните преговори меѓу Израел и радикалната исламска палестинска организација Хамас за прекин на огнот и ослободување на заложниците во Појасот Газа по сѐ изгледа има напредок, јавуваат повеќе новински агенции.

Агенцијата АФП, повикувајќи се на учесници во преговорите, пишува за „значаен напредок“ во насока на договор. Агенцијата Ројтерс јавува дека денеска во катарската престолнина Доха ќе се одржи состанок на кој ќе се разјаснат последните детали.

Ројтерс: Прво треба да се ослободат 33 заложници

Повикувајќи се на информации од израелски владин претставник, Ројтерс пишува дека нацрт-договорот, меѓу другото, предвидува прво од рацете на Хамас да се ослободат 33 заложници: деца, жени - вклучувајќи жени војници - како и мажи над 50 години, ранети и болни. Повлекувањето на израелските војници од Појасот Газа треба да се одвива постепено. Според израелски извори, Хамас сè уште држи 94 заложници, од кои 34, како што се тврди, се мртви.

САД, Катар и Египет со месеци се обидуваат да постигнат договор меѓу Хамас и Израел. Сè уште нема официјална потврда за извештаите за напредок. Сепак, општ оптимизам изразија и претставници на страните во конфликтот и на американската влада.

„Донесете ги дома“ - натпис на израелската филхармонија за израелските заложници во ГазаФотографија: Sarah Hofmann/DW

Блинкен: Поблиску до решение од кога било досега

Американскиот претседател Џо Бајден во неговиот веројатно последен говор за надворешната политика рече дека се стои „на работ“ на договор. Договорот, според него, ќе ги прекине борбите, ќе ги ослободи заложниците на Хамас, ќе ја обезбеди безбедноста на Израел и ќе овозможи значително поголема хуманитарна помош за Палестинците во Појасот Газа. Американскиот државен секретар Ентони Блинкен рече дека решението е поблиску од кога било досега.

Советникот за национална безбедност на САД, Џејк Саливен, изјави дека договор може да се постигне оваа недела. „Не давам никакви ветувања или предвидувања, но тоа е на дофат и ќе работиме на тоа“, рече Саливен.

Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, исто така коментира: „Како што разбрав, имало ракување и тие го завршуваат тоа“, рече Трамп, кој следната недела ќе ја преземе функцијата претседател на САД.

Сар: Ситуацијата е многу подобра

За напредок зборуваат и самите страни во конфликтот. Министерот за надворешни работи на Израел, Гидеон Сар изјави дека ситуацијата изгледа многу подобра. Висок функционер на Хамас за новинската агенција Ројтерс рече дека е постигнат напредок за клучните прашања.

Меѓутоа, во последните месеци постојано се појавуваа информации за договор кој претстои, а борбите во Газа сепак продолжуваа.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми