1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиСеверна Кореја

Северна Кореја очигледно тестирала ракета со цврсто гориво

СН/агенции
14 април 2023

Северна Кореја го проширува својот ракетен арсенал. Пјонјанг објави дека при вчерашното лансирање за првпат бил тестиран проектил со погон на цврсто гориво. Ваквите ракети можат побрзо да се подготват за употреба.

Севернокорејската интеконтинентална балистичка ракета со погон на цврсто гориво Хвасонг-18 беше лансирана на 13 април 2023 година
Севернокорејската интеконтинентална балистичка ракета со погон на цврсто гориво Хвасонг-18 беше лансирана на 13 април 2023 годинаФотографија: KCNA/Yonhap/picture alliance

Северна Кореја соопшти дека тестирала нова интерконтинентална балистичка ракета со цврсто гориво, Хвасонг-18, со цел да ја зајакне способноста на земјата за нуклеарен контранапад, јавуваат севернокорејските медиуми.

Лидерот Ким Џонг-ун раководел со тестирањето на ракетата, соопшти КЦНА. Во извештајот се објавени фотографии од Ким како го гледа лансирањето, во придружба на неговата сопруга, сестра и ќерка и проектил покриен со камуфлажни мрежи на мобилен лансирен систем.

„Тестот ја докажа воената ефикасност на новата интерконтинентална балистичка ракета како способност за стратешки напад“, објави КЦНА, додавајќи дека драматично ќе го подобри стратешко одвраќање на земјата и  подготвеност за нуклеарен контранапад.

Севернокорејскиот властодржец Ким Јонг Ун и неговата ќерка го следат ракетниот тест на 13 април 2023 годинаФотографија: KCNA/Yonhap/picture alliance

Северна Кореја ги критикуваше недамнешните заеднички воени вежби на САД и на Јужна Кореја како ескалација на тензиите, а ги засили тестовите за вооружување во последните месеци.

Развивањето интерконтинентални балистички ракети со цврсто гориво, кои можат побрзо да реагираат во кризна ситуација, долго време се сметаше за клучна цел за Северна Кореја, а Министерството за одбрана на Јужна Кореја соопшти дека Пјонгјанг сè уште го развива оружјето, што укажува дека може да се извршат уште тестови.

Последното лансирање дојде неколку дена откако Ким повика на засилување на „попрактичен и поофанзивен“ начин од воено одвраќање за да се спротивстави на, како што ги нарече Северна Кореја, потезите на агресија на САД.

Ким Јонг Ун сѐ почесто со својата ќерка Ким Ју Ае ги следи ракетните тестовиФотографија: KCNA/REUTERS

Ракетата, истрелана од близина на Пјонгјанг, прелетала околу 1.000 километри пред да слета во водите источно од Северна Кореја, соопштија официјални лица.

Лансирањето на новата севернокорејска ракета предизвика страв кај жителите на северна Јапонија и остра осуда од САД и нивните сојузници.

Северна Кореја соопшти дека тестот не претставува закана за соседните земји.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми