1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Џафери за ДВ: Нема потрес во Владата

8 февруари 2024

Владата целосно функционира и нема никаков потрес по превирањата во Алијанса за Албанците и смената на двајцата министри, вели во интервју за ДВ, премиерот Талат Џафери.

Талат Џафери
Премиерот Талат Џафери дека нема криза во владатаФотографија: Petr Stojanovski/DW

„Јас не се согласувам дека се случил потрес во Владата. Потресот е кај еден од учесниците во Владата, и тоа е работа на субјектот кој што се соочува со тоа. Работата во Владата се одвива во рамки на она што е во надлежност и обврска на Владата. Владата потполно функционира. Преземени се соодветни активности и мерки по однос на решавање на статусот на членови во Владата соодветно на процедурата која што е пропишана и надлежностите дадени со Устав и со закон“, вели премиерот Талат Џафери во интервју за Дојче Веле кое во целост ќе го објавиме утре.

Џафери во однос на обвинувањата од министрите на Алијанса за Албанците, Фатмир Меџити и Азир Алиу, како и обвинувања од крилото на Таравари дека прави заговор против Алијанса вели дека „интерперсоналните односи меѓу членовите на Владата се нивни односи и тоа е нивна одговорност“. 

„За однесувањето на секој надвор од она што е пропишано, моја надлежност е соодветно да се постапува. Така што не коментирам изјави на членови на Владата кои што ги даваат од име на партиите и како членови на партиите. Ако имаат нешто со Владата тоа е друга работа“, изјави Џафери во интервјуто за Дојче Веле. 

„Не одговарам за ДУИ“ 

На прашањето дали ДУИ прави притисок врз Алијанса за да тргува во предизборните комбинаторики, премиерот на техничката Влада тоа го отфрла и вели „незнам од каде ви е тој впечаток за ДУИ“ и додава дека тој не е одговорен по однос на постапувањето и односите меѓу политичките партии.

„Јас како претседател на Владата одговарам за Владата, а фактот што сум член на некој субјект од политичките партии тоа не значи дека сум одговорен по однос на постапувањето и односите меѓу политичките партии. Јас си водам сметка да ја водам Владата во однос на она што се законите, прописите, процедурите на функционирањето на Владата“, одговори тој.

Во утрешното интервју на Дојче Веле, Џафери одговара и за критиките за пушењето и славењето во Собрание, за неговото минато во ОНА, за пораките од ВМРО-ДПМНЕ дека „еден дезертер заминал, а друг дошол на премиерската функција“, за релациите со косовскиот премиер Албин Курти, за пасошите и личните карти... 

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми